Врската во која не сте среќни е само мотив, да тргнете кон нешто повисоко и подобро

Можеби тоа што работите за мала плата, работа која и не ја сакате многу е само повик на вашата душа, да почнете барем малку во меѓувреме да правите она што го сакате. И за што сте создадени. Можеби е тоа благослов. Бидејќи, ако платата ви е голема, можеби никогаш нема ниту да помислите да се тргнете од таа работа.

Можеби здравјето, кое не ви е најдобро само иницијација, детално да размислите за својот живот и за она што одвнатре ве гризе. Со што се борите всушност и што така долго ве вознемирува. Што ви одговара, а што не…

Можеби е тоа повик да се сретнете сами со себе. Можеби врската или бракот во кој не сте среќни е само мотив, да тргнете кон нешто повисоко и подобро. Да пробате да извлечете максимум од тоа што имате и потоа заслужено да ја живеете љубовта, каква што ја посакувате. Со таа личност или со некоја друга. А најпрво сами со себе.

Бидејќи за се’ што не сте задоволни има и своја друга страна. Се’ нешто ви зборува, некаде ве води. Нешто сака да ви каже. Затоа ослушнете додека душата ви шепоти. Добро слушнете ја и пратете ја. И не дозволувајте да почне да вреска. Тогаш е веќе доцна. Тогаш нема поправен. Тогаш се рушат мостови.

И нема да ви дозволи да се удавите во таа валкана бара. Ќе ве затресе и ќе ве отрезни. Ќе го скрши балонот на илузијата и одново ќе ве раздвижи. На ново ниво, она поради кое овде дојдовте. Не сте тука да стагнирате, туку да напредувате. Не да се закопате, туку да светите. Не да мразите, туку да сакате.

Прво самите себе и својот живот, па тогаш се’ друго. Тука сте одново да се раѓате. Во се’ подобра и појака своја верзија. И во секој нов ден, бидете се’ поблиску до себе. Се’ поприсутни. Се’ порадосни. Се’ поблиску до својата цел.. Бидете она што сте.

Ива Брадариќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: