Нема потешко да сакаш некој кој не те сака. И да се бориш против себе

Нема потешко да сакаш некој кој не те сака. И да се бориш против себе. Да се тргне понатаму не може, не поради тоа што постои надеж дека тој некој еднаш ќе се смени, туку поради тоа што не сме подготвени да пуштиме дел од себе.

Вистина е дека не сакаме поради другите, туку сакаме тоа да ни се врати, сакаме да се чувствуваме заштитено, важно, посебно. Ги сакаме секогаш оние мали пеперитки во стомакот и топлината во образите. А кога ќе исчезне, грчевито посакуваме да ни се врати.

Љубовта е себична, додека не сфатиме дека мора да ја пуштиме, бидејќи таква посесивна и тешка носи повеќе штета и болка отколку што било друго. Долг е патот до оздравувањето. Прво треба да се разбудите, да се отрезните од илузијата дека утре ќе биде подобро и дека ќе се случи чудо. Бидејќи нема. Тешко е да дојдете до заклучок дека онаа друга страна има свои мисли и желби, свои потреби и причини поради кои нешто одлучи и дека ние не можеме на нив да влијаеме што и да направи.

Како што се залудни и сите зборови и совети на нашите пријатели кои не’ уверуваат дека е дојдено времето да пуштиме некои работи. Човекот преку секое доживување и секое чувство созрева и се учи. Со тек на време открива дека не е се’ онака како се чинеше, дека постојат други причини поради кои не може се’ да биде онака како што сака.

Животниот пат значи да се прават многу мали и големи одлуки. Не можеме да обвинуваме некој трет, бидејќи тој третиот можеби многу подобро го разбира и многу повеќе му дава на оној, кој мислиме дека го сакаме и за кој грчевито се држиме. Можеби навистина сме подобри од таа трета личност, но ние не одлучуваме. Треба сами да ѕирнеме во својот живот и да се присетиме на многумина кои сакаат да бидат со нас, но ние не сакаме, бидејќи за тоа имаме свои причини, кој никој друг нема да ги разбере.

Како да се продолжи понатаму? Како да се направи тој чекор кој никогаш на никој не му бил лесен и кој така неописливо боли? Дали решението е драстичен рез?

Пробав сешто. Молчев, врескав, плачев, се преправав дека тој непостои, трчав по нив, па тогаш игнорирав се’ додека не дојдов до ова до каде сум сега, сознанието дека е дојдено моето време. Дека постојат други луѓе со кои можам да се смеам и да плачам, дека зад мојата врата е цел свет кој мора да го пронајдам, во кој можам да уживам. И дека е ОК да ми недостасува, но не е во ред што самата себеси не си давам да дишам и што грчевито се држам за нешто што само ми штети, поради кое не спијам, поради кое немам волја за работи кои порано ме веселеа, туку што се отуѓувам од други луѓе.

Што се бранам од се’ што може да ме развесели. Пуштам се’ кога за тоа ќе дојде време. И пополека болката во мене созрева и поминува. Прераснува во искуство од кое многу научив и кое ме промени, да не се залажувам. Сега гледам дека ништо не изгубив и дека среќата постои во многу облици не само во еден човек. Не е потребен драстичен рез, потребно е да се сакаш себеси доволно за да посакаш да се чувствуваш среќа и вљубена во некој кој ќе знае да ти возврати.

М.М

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: