Не можеш да ме повредиш! Добро ја знам својата вредност

Дали имате често впечаток дека се изневеривте себеси, дека го кроите животот по туѓи желби и потреби? Дали имате потреба да се оправдувате за своите постапки и избори? Не знаете да кажете Не, се жртвувате за другите, ви сс чини дека многу повеќе давате, а помалку добивате? Ако одговорите се Да, тоа укажува дека немате јасно дефинирани лични граници.

Сите имаме сопствени лимити, а личните граници го дефинираат местото после кое другите луѓе не треба да имаат пристап кон нашето тело, ум и емоции. Јасно да се покаже таа мека, а силна бариера, која е предизвик, но е од пресудна важност за човечкото здравје и доброто на другите.

Што се лични граници? Личните граници не се цврсти и видливи како ограда околу двор, но посебно е важно да се знае да се постави тој невидливиот ѕид, за да го задржиме сопствениот интегритет, психичкото и емоционалното здравје. Поставувањето на граници нема врска со другите, колку со односот кој го градиме со самите себе.

Кога личноста нема јасно поставени граници тоа најчесто укажува на ниска самодоверба, страв од одбивање, страв дека не е сакана. Слабите граници носат лутина, незадоволство, летаргија, чувство на вина кога не сме посветени себеси и на своите потреби и на крајот чувството на празнина. Целта на поставувањето на личните граници не е да се изолирате од цел свет и да бидете кула која никој не може да ја освои, ниту да ја допре.

Целта е со личните граници да се чувствуваме сигурно, заштитено и добро, а без чувство дека другите луѓе не’ искористуваат, да манипулираат со нас или во краен случај да не’ злоставуваат на било кој начин.

Ако не сте сигурни дали некој со своето однесување ја преминал вашата личната граница, слушајте ја сопствената интуиција. Таа е непогрешлива. Ако чувствувате непријатност, тоа се ситуации и постапки каде нашите граници се во опасност. Здрави граници се оние кои ги поставуваме за да бидеме ментално и емоционално стабилна личност. Тие можат да ни помогнат да откриеме и дефинираме кои сме и силно да го гушнеме сопствениот идентитет.

Тоа се физички, ментални и емоционални бариери кои штитат во ситуации кога другите луѓе на било кој начин влегуваат во нашиот простор, а нас тоа не ни одговара. Еднаш кога ќе ги дефинирате сопствените права и навистина ќе поверувате во нив, многу полесно ќе го изразите личниот став и ќе престанете да ја трошите својата енергија на удоволување на другите.

При дефинирање на здравите граници водете се според овие начела: Моја одговорност се: моите зборови, моето однесување, моите реакции, моите грешки, моите обиди, моите идеи, последиците на моите делувања.

Моја одговорност не е: зборовите на другите луѓе, тумачењето на другите луѓе, нивното однесување, постапки, верувања, чувства.

Како да ги поставите личните граници? Да се постават граници, значи да научите колку се почитувате и цените себеси. Ако порано не сте имале јасно поставени граници, кога ќе почнете да ги поставувате и јасно да ги искажувате, многу луѓе ќе се почувствуваат загрозено и навредено. Тогаш тие ќе ве тестираат, притискаат, ќе ве стават во искушение. Запомнете- не можете да промените никој освен себе, но секогаш можете да бидете промената која сакате да ја видите во светот. Ќе знаете дека сте успеале во своите намери и ќе го заштитите својот простор, кога ќе престанете да имате емоционални реакции на вакви ситуации.

Извор: journal life

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: