Ќе засакаш. Некој. Всушност…повторно ќе се сакаш себеси

Понекогаш ќе засакаш. Се’ она што не сакаш, се’ она од кое бегаш, она што те плаши или очајот кој те брка, се’ ќе се состави во еден човек, кој ќе го засакаш. И сите негови особини тогаш ги согледуваш заедно со светлината која љубовта ти ја носи и не се плашиш повеќе, не бегаш и не гледаш во ништо опасност за себе.

Го сакаш човекот и чувствуваш како тој е тука за да ти помогне да ја ослободиш својата стегната душа, да ги урнеш оградите и да преминеш преку мочуриштата на лажната самодоволност. Никогаш и не помислував дека постои вистински маж или вистинска жена. Постои само вистинска љубов. Всушност, само љубов, бидејќи таа секогаш е вистинска.

Љубов која ништо не ти дава, туку се’ ти открива. За тебе, онаква каква што си, полна со страв, после некое лошо искуство, кога бегаш од себе и сопствените чувства.

Како некогаш кога не се плашеше од животот.

Бранкица Дамјановиќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: