За жената нема ништо попривлечно од маж кој и’ дава сигурност

Ако во група во која заедно се наоѓаат мажи и жени, го поставите прашањето: ‘Дали некогаш сте се плашеле за својот живот?’ неколку мажи ќе кренат рака. Секој маж кој ќе крене рака ќе има приказна за еден инцидент, несреќа или тепачка во детството. Секоја жена во групата ќе крене рака. Ако прашате: ‘Колку од вас се плашеле за својот живот во последната година?’ секоја машка рака ќе биде спуштена. А секоја жена повторно ќе крене рака. Ова обично ги шокира мажите. Тоа покажува дека мажите воопшто не ги познаваат жените.

Стравот е нешто што сите го доживуваме. Но, тој игра различна улога во животот на мажот и жената. На жените стравот им е во гените. Тој е темелно искуство на животот на жената, без оглед дали се свесни или не. Тоа е нешто со кое жената живее, како мало диво животно, од ден на ден. А кога жените во животот имаат луѓе за кои се грижат (како на пример партнерот и децата) тој страв едноставно расте. Едноставното преминување на улицата, за жената е потполно друго физиолошко искуство.

На пример, високо стресните ситуации условуваат мажите помалку да се плашат.Тие не се перципираат како немоќни затоа се склони кон бес и провокативно делување. Овие исти ситуации често кај жените предизвикуваат страв, бидејќи тие се чувствуваат немоќно и поради тоа имаат интензивен страв. Мажите не разбираат дека ова основно искуство на страв со кои жените секојдневно живеат и дека е тоа најголем одлучувачки фактор за она што жените навистина сакаат во односите.

За жената, во врската е најважна довербата. Довербата е крајната дефиниција за сигурноста на жената. Жените сакаат да бидат заштитени од мажите. Но, во партнерските односи прво треба мажот сам со себе да биде сигурен. На некој да се верува, значи да чувствувате дека можете да се потпрете на некој и дека тој некој се грижи за вашата благосостојба. За да можете да функционирате, да перципирате, да ги видите и слушнете другите луѓе, да ги почувствувате, разберете, да ги сфатите луѓето и нивните емоционални искуства, треба најпрво да се ускладите на најдлабокото ниво. Единствено тогаш жената може да се почувствува сигурна.

Поради тоа, ако навистина сакате да имате врска со жена, ова е најважна уметност која некогаш ќе ја научите. Ова е потребно за да станете човек од доверба и да бидете веродостојни. Мажите поради тоа што го немаат тоа искуство на страв кои го имаат жените, често ја намалуваат, отфрлаат, исклучуваат, игнорираат женската емоција и ја оддалечуваат од нивните емоции. Уште полошо, ги нарекуваат жените луди и дека нешто не е во ред со нив.

Со други зборови, мажите се однесуваат како жените да немаат потреба да се чувствуваат како што се чувствуваат. Со ова однесување, вие на жената му праќате сигнал дека со вас не се сигурни. Го зголемувате нејзиниот страв со сигнализирање дека не ја гледате, не ја слушате, не ја чувствувате и не ја разбирате. Дека нема да бидете покрај неа, дека не ја почитувате нејзината добрина, дека нема да се грижите за неа, ниту да ја заштитите и влијаете таа покрај вас да не се чувствува добро.

А женската сексуалност ништо повеќе не ја блокира од стравот. Во оваа приказна мажот и жената се сосем спротивни. Длабоката емоционална поврзаност и складност со жената, која има потврда од мажот, праќа сигнал дека може да верува и потполно да се препушти. Како маж, навистина мора да ја прифатите оваа стварност за стравот во животното искуство на жената. Дури и ако отворено не покажува, на жената и’ е потребно да се однесувате на начин на кој таа ќе се почувствува сигурно.

извор: https://tealswan.com/resources/articles/what-every-man-should-know-about-women-r344/

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: