Зошто ве изневеруваат оние на кои му помогнавте и кои ги спасивте

Ако спасувате човек, го подржувате со сета сила во тешките времиња, буквално го извлекувате од опасни околности, жртвувајќи се себеси- но, бидете внимателни. Кога спасениот ќе застане на нозе, ќе се потпре и ќе заземе цврста позиција, може да ве отфрли. Во најдобар случај, ќе ја прекине врската. Во најлош случај- ќе ве предаде.

Еве ги причините поради кои се изневеруваат спасителите:

– На спасениот му е непријатно да се сеќава на мизерната позиција во која бил порано. А спасувачот го потсетува на тоа. Не со зборови и прекор, туку со своето постоење. Од непријатните понижувачки сеќавања се ослободуваат, отфрлаат или се случува предавство.

– Спасениот се чувствува како должник, иако никој не го потсеќа на долгот. Но, ‘малите’ луѓе им судат на сите по себе. Тие сигурно би барале надокнада и сигурно би ги потсетувале своите жртви! Значи, некогаш и добротворот ќе бара нешто за возврат? Да речеме: ‘Да владееме заедно! или: ‘Дај ми вреќа злато!’ Подобро да се ослободиш од моќниот доверител.

– Оној кој ги прифаќа вашите жртви не го интересира колку се тие тешки за вас. Не, тој само воздивнува, се заблагодарува и си заминува во добро расположение. И сосем е рамнодушен кон она што вие ризикувате. И што давате, можеби последно? Егоизмот на спасениот се манифестира во начинот на кој тој ги прифаќа вашите жртви и ниту најмалку не мисли за вас. Да се биде благодарен- тоа е добро. Но, да се префрли одговорноста на другиот е прилично чудно.

– Сите заслуги за спасувањето ги препишуваат само на себе. Непријатно им е што мислите дека без ваша помош нема ништо да постигнат, а може без вас и да умрат. Се јавива скриена завист, која се претвора во непријателство. И се ослободуваат од спасителот, туркајќи го во рацете на непријателот или во кал. Зарем спасителот не може да се спаси? Па, очигледно е за нив и сурово: таков слаб човек не може да спаси никој. Тоа е шарлатан, не е спасител!

Значи, ризикот да бидете пред стрелачкиот вод е многу голем ако се жртвувате себе за да му помогнете на друг човек. За кого малку знаете во суштина. Не треба да се изненадите подоцна од предавството; бидејќи се жртвувавте за недостоен човек. Така и мажите, кои станале богати, понекогаш ги напуштаат своите верни и посветени жени, кои се жртвувале себе во времето кога мажот бил сиромашен и губитник. Така се ослободуваат од старите верни пријатели кои ги потсетуваат на лоши времиња. И не се јавуваат на телефон кога ѕвони оној кој ги спаси, излечи, ослободи..А најсуровите од нив најжестоко изневеруваат.

Ана Кирјанова

извор:https://zen.yandex.ru/media/anna_kiryanova/pochemu-predaiut-teh-kto-spas-i-pomog-5ccfdf15d31aa100b3452d2e

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: