Кога душата плаче? Еве како не’ гуши сопствениот живот

Многу луѓе веруваат дека работите ‘само се случуваат’, но кога ќе се поврземе со својата интуиција, откриваме дека се’ она што ни се случува- е наша сопствена креација. Ние можеби не сме во потполност свесни, за она што навистина создаваме од момент во момент, но за среќа Свемирот ни дава многу знаци, со кои не’ известува, кога сме на вистинскиот пат и уште поважно кога сме на погрешниот пат.

Во овој текст ќе се фокусираме на знаците на предупредивање од Свемирот, кои можат да се појават во облик на несакани околности и настани, кои укажуваат дека сме на погрешен пат.

Овие знаци се показатели дека вашата енергија оди кон ниските фреквенции. Вашите мисли, чувства и дела насочени се негативно, a тоа создава низа од несакани околности. Исто така кога вашите мисли, чувства и дела се одвиваат на висока вибрација, работите ќе се наместат совршено. Ќе имате прекрасен тајминг и среќни околности, цел ден.

Тоа е причината зошто е така важно да се подигне својата вибрација со свесен избор на позитивни емоции и мисли. Нашата душа е присутна на Земјата во физичка димензија, која е многу погуста и многу спора од повисоките етерични димензии. Едноставната содржина на нашата планетата и телото, се составени од многу ниски вибрациски енергии, отколку што се нашите души.

Како резултат на тоа, веројатно ќе налетаме на несакани околности одвреме на време, но тоа е во ред. Се’ додека сме во состојба да ги послушаме овие знаци на предупредување (не дозволувајќи му на нашето его да се фиксира на нив) можеме да се вратиме на вистинскиот пат многу брзо.

Додека се движите низ денот, добра е идејата да обрнете внимание на некои знаци на предупредување од Свемирот. Еве некои најчести:

1. Непријатно инстиктивно чувство во стомакот.

2. Ако прстот го удрите, сечете, скршите или штипнете.

3. Ако заглавите во голема собраќајна гужва

4. Примање негативни погледи и навредливи, злобни примедби од други луѓе.

5. Ако се повредите

6. Неочекувани трошици и сметки

7. Расправија со саканите

8. Болест

9. Силна главоболка

10. Загуба или кршење на вреден имот

11. Непријатни мириси, звуци или вкусови.

Секој од овие знаци е опомена, дека треба да се фокусирате и прилагодите на својата фекфенција. Кога ќе се соочите со еден од овие знаци на предупредување- ПРЕСТАНЕТЕ! Не продолжувајте да правите тоа што го правите, разговор или да бидете опседнати со мисли кои во моментот ги имате, бидејќи тоа нема да ве доведе до местото каде што навистина сакате да бидете.

Наместо тоа, длабоко земете воздух, малку оддалечете се од таа ситуација, па дури земете минута да размислите и медитирате, ако сте во можност. Ако ги препознаете овие знаци на предупредување бргу и веднаш делувајте; единствен начин е оддалечување и центрирање на себеси, за да го застанете тој негативен замав.

Како конечна напомена, обидете се да не бидете оптеретени со знаците на предупредување. Зборувајќи постојано и размислувајќи за нив, вашиот ум создава сигурен начин, да ја намали вибрациската енергија.

Земете ги овие знаци за она што навистина се- едноставно знаци за Стоп, внимавај, запри. Фокусирај се…Па потоа продолжи понатаму. Секогаш имајте ја на ум висината на своите вибрации; дајте им го своето внимание и енергија само на оние мисли, чувства постапки кои вистински и длабоко резонираат со вашата душа, срце, интуиција..

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: