Можеби не се случува она што сакаш, но се случува она што треба

Често во желбата да постигнеме големи резултати, имаме чувство дека се’ околу нас, многу споро се менува. Нашиот однос кон успехот стана како и се’ во оваа култура која се вика култура на брзината. Но, едно е сигурно. Сите важни работи во животот никогаш нема да ја прифатат културата на брзината. Џим Рон еднаш рече: ‘Не можеш да ја промениш својата судбина преку ноќ, но можеш да го промениш својот правец на движење преку ноќ.

За подобро да го разберете односот помеѓу брзината и успехот, еве нешто за размислување. Дали стеблото може да има плод, пред да ги помине сите фази на цветање и растење? Со кои средства можеме да го забрзаме својот раст? Се’ она што човекот се обидел да го забрза е доволно упропастено. Природата, имено, ги познава своите принципи и против нив не можеме да одиме. Всушност, можеме, но на своја штета.

Кога се восхитуваат луѓето на некој успех, тогаш тие не ги гледаат сите фази на неговиот раст и развој, кој течеше многу споро. Дури постои и поговорка која вели дека туѓите деца побрзо растат. Тука всушност, не се работи само за потреба од трпение, кое е едно од најважните категории на успехот, туку се работи за разбирање на самата човечка природа. Човекот е како и се’ во природата дел од Универзумот и ништо во него не се случува без ред. Начелата на успехот, се всушност начела на редот во природата и никаква техника, не може да ги забрза. Вредностите за кои човекот се одлучува како смерници на успехот, не можат преку ноќ да се примат во човечката природа.

Имено, кога ќе посадите некое стебло, со денови нема да видите никакви резилтати, а тогаш одеднаш ќе видите, како тоа стебло расте на сите страни. Тоа сепак расте, ама под земјата. Исто е и кај успехот. Тоа е внатрешен раст кај човекот. Пред се’ е созревањето во способноста и вредносниот систем. За резултатите од успехот да бидат видливи, мора да научиме да чекаме тие да се акумулираат во нашата духовна природа.

Затоа ослободете се од ‘забрзувачите’ кои ви се нудат секој ден на дофат на раката, како помош во вашиот личен развој. Таквите уверувања ве туркаат само кон ваша пропаст. Ако сакате потполн успех, повеќе посветете се на тишината и медитацијата, бидејќи тоа е најблиско сретство за остварување на успех. Тие се оној внатрешен ‘scan’ , кој го чисти вашиот компјутер од животните вируси. Затоа, секој ден земете малку време кога не работите ништо, време кога во вас ќе расте засеаното семе на успехот.

извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading