Никој не може да ти даде гаранција за подобар живот, освен твојата некршлива волја

Единствено време кое го имаш е овој сегашен момент, a единствена прилика се талентите кои можеш да ги реализираш. Не си роден да се затрупуваш со работа, убивајќи го својот приватен живот, туку да бараш рамнотежа и да уживаш во секој момент, да пронајдеш она што сакаш да работиш и да се дадеш целосно за да бидеш подобар.

Не си во животот роден само да трпиш негативности од другите луѓе, кои не се задоволни со својот живот, па се обидуваат да го затрупаат и твојот. Направи дистанца и подвлечи црта, бидејќи луѓето повеќе ќе те почитуваат, кога ќе им покажеш дека не си канта за ничие емоционално ѓубре, дека смислата на твојот живот не е само исполнување на туѓи очекувања, туку дека правиш нешто навистина вредно, да почувствуваш силна емоција, да постигнеш некој друга посакувана цел и да уживаш во плодовите на својот труд.

Не си во животот роден само за да жалиш за работите кои ги немаш. Сфати дека се’ што имаш можеш преку ноќ да изгубиш и никој не може да ти даде гаранција за некој подобар живот, освен твојата некршлива волја, за да се помрднеш и да направиш нешто со својот живот.

Не си роден да одиш таму каде што одат многумина, роден си да одиш таму каде што срцето ти зборува, колку некогаш да изгледа чудно и смешно. Ниту да бидеш како другите, да се окупираш со она што другите ти зборуваат, па да го оптеретиш својот живот со лажни обзири, очекувања и предрасуди, кои некој ќе ги пренесе на тебе.

Треба да бидеш свој, да вдишеш живот и да го живееш, да не дозволиш другите да господарат со твоите расположенија и да одлучуваат кој си и каков си. Роден си да ја раскажеш својата единствена приказна, која друг никој не ја знае и ниту може. Дури тогаш можеш да кажеш дека си живеел.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: