Престани да си префрлаш поради лошото минато, неостварените соништа, невозвратените љубови

Што и да ти се случува во животот, немаш причина секој ден да не се будиш со голема насмевка на лицето и да ја подаруваш на друг. Луѓето кои одбрале таков пристап на животот никогаш не се покајале.

Никогаш не знаеш што во текот на еден ден може да се случи. Кога имаш верба во себе и кога им даваш приоритет на своите соништа, а не на она што зборуваат другите. Поедностави го животот, не го собирај талогот на негативните мисли и чувства во себе. Кажи слободно и отворено она што го мислиш и олесни си ја душата.

Стравот на кој му даде простор во себе, зеде повеќе отколку што очекуваше. Секој обид со сомнеж да ја градиш иднината, ја брише таа твоја иднина и те остава во празен простор на твоите несигурности. Во обид да го најдеш својот мир на крајот ќе сфатиш дека е најважно срцето и душата да ја ослободиш од замерки, било кон себеси, било кон другите, а се’ друго ќе дојде на свое.

Секој ден можеш да се надеваш на некое чудо и ќе видиш колку надеж преобразува животот. Престани да си префрлаш поради лошото минато, неостварените соништа, несредени односи, невозвратени љубови, не носиш одговорност за сите порази во својот живот. Се случија и тука повеќе не можеш ништо да промениш освен да извлечеш поука.

Немој поради нив да се натовариш со комплекси кои не ти требаат, пушти ги засекогаш сите грижи, а вдиши спокој. Ние овде сме само патници, не ги земај проблемите кои сега ги имаш, нема вечно да траат, нема животот да го упропастиш со битки во кои нема ништо да добиеш но, сосем сигурно се’ ќе изгубиш.

Поедностави го својот живот и кажи им на оние кои ги сакааш, дека ги сакаш и ќе почувствуваш во своето срце наплив на чувства кои никогаш не си можел да замислиш.

Марио Жувела

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: