Дали имаш чувство како постојано само те одбиваат?

Да се поднесе одбивање е едно од најтешките човечки искуства. Секое одбивање не е ништо друго, туку едно разочарување, во зависност од ситуацијата. Ако во својата цел сте вложиле многу труд, волја, сила и способност, па на последното скалило, сте доживеале одбивање, вашето разочарување е уште поголемо.

Наполеон Хил еднаш рекол: ‘Многу големи луѓе, ги оствариле своите најголеми успеси, само на чекор од своите најголеми неуспеси. Затоа, често се наоѓаме во ситуации, кои ни изгледаат очајно поради некакво одбивање. Всушност најважното прашање е: Како треба да се носиме со одбивањето?

Се зборува, како Волт Дизни бил одбиен од 300 банки, кога им ја презентирал својата замисла за изградба на еден детски мега парк. Дури 303-та банка му го одобрила кредитот за изградба на Дизниленд. Можете да замислите како се чуствувал Волт посетувајќи ги последните неколку банки, кои не му го одобриле кредитот? Што мислите, што му зборувале пријателите кога дознале за тие тешки одбивања. Колку од нив му рекле дека е луд, дека неговиот план нема смисла. Но, случајот на Волт Дизни не е осамен.

Во светот речиси сите најголеми проекти, дела и достигнувања достигнале најдраматични порази. Можеби и тебе ти се случиле одбивања, и си почувствувал силна болка во срцето. Голема е болката и веќе знаеш дека ја доживеале речиси сите луѓе кои нешто постигнале. Оние кои никој не ги одбил, не направиле речиси ништо. Затоа е единствено важно во животот, каков став ќе завземеш кон одбивањето. Можете да му дозволите да ве скрши, а можете во себе да создадете отпор кон одбивањето.

Затоа, не го ставајте на срце и многу сериозно одбивањето, туку приоѓајте со една доза на хумор. Насмевнете се, себеси и на ситуацијата и кажете: одиме понатаму. Одбивањето е скалило кое морате да го поминете, ако посакувате да успеете и што повеќе одбивања надминете, тоа е знак дека сте поблиску до својот конечен успех.

Џорџ Бернард Шо рекол: ‘Кога бев млад, открив дека од 10 работи кои ќе ги направам, 9 ќе ги згрешам. Затоа работев 10 пати повеќе. Бидете оптимист и позитивно гледајте на секое одбивање. Вербата во самиот себе, мора да биде подеднакво силна, бидејќи само таа може да ве одржи во победнички менталитет. Набљудувајте го секое одбивање, како еден голем предизвик и ќе видите, како ќе се промени вашиот ментален склоп. Тогаш во одбивањето нема повеќе да гледате крај на светот, туку можност за еден нов почеток.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: