Кога еднаш ќе заминеш, те молам не се враќај

Имам само една цел за иднината. Да не бидам ‘многу сакав, ништо не направив’. Не мислам на големи желби. Всушност, мислам на оние кои обично ги пуштаме времето да ги сомели. Бидејќи се удираме по рака за да не направиме она што посакуваме. Она поради кое ноќе не спиеме, а наутро се будиме. А да се обидеш, зачекориш, ништо потешко.

Кога би можела веднаш да знам какво каење ќе ме чека… Затоа што не смеев. А толку, толку многу го посакував. После кое останува само прашањето ‘што би било, кога би било? Нема на светот полошо прашање. Грешките не болат како оваа реченица. Како сознанието дека се откажа од сонот. Немаше храброст токму за тоа за кое најмногу сонуваше. Својот кукавичлук и својот грев е најтешко да се преболи. Но, се’ се менува кога имаш кон што да се стремиш. Па и сто пати да паднеш, на нозе ќе застанеш. Тогаш ќе сфатиш дека не требаше да се откажеш.

Кога еднаш ќе си одиш немој да се каеш и те молам не се враќај. Најтешко е да пресечеш. Да донесеш одлука. Па да се држиш до неа. Како Сизифов камен, својата мисла треба да се истурка. Бидејќи, таа не е случајна. Напротив, многу разум, бистрина и памет зад неа стои. Отсекогаш е таа во тебе, но сеќавањата ја туркаа надолу. Се’ она рационалното во нас е потиснато, поради желбите на срцето. Но, еднаш кога ќе собереш храброст и сила да тргнеш, никако немој да се враќаш.

Да не се лажеме многу ќе боли. Пропорционално на тоа колку се грижиш. И така, малку по малку. Ден за ден. Некој ќе биде лош, некој уште полош. Меѓутоа, нешто е сосем сигурно, во тоа истрај. Направи најдобра работа за својот живот, за самиот себе. Беше јак, го собра срцето и си замина од бедата. Ќе кампира тоа во главата некое време. Ќе те буди од сонот.

Ќе има тешки денови, ќе поминат. После нив ќе биде многу добро. Бидејќи остави она што е нужно да се остави. Бидејќи излезе од она што не те заслужува. Бидејќи пресече и престана да бидеш оној што се крие. Оној што тоне во жива кал бидејќи не смее да пресече. Оној што твоите маки, од срамота не може ниту да ги каже. Оној кој самостојно се смалува и вечно прашува, каде ќе му оди душата? Никаде. Бидејќи ја нема.

Ќе те удри и ќе сфатиш. Живееше во заблуда, правеше од ништо човек и се даваше себе на некој мизерен. Си одиш бидејќи немаш повеќе каде да се вратиш. И нема. И воздивни длабоко. Бидејќи тоа го можеш. А зарем тоа не е најголем благослов? Помина и овој тежок ден. И сега можеш да одмориш. Да разгледаш се’ повторно. Или најдобро да заборавиш.

Бидејќи доаѓа нов ден. И кој знае што те чека во него. И да се надеваш или не, можеби токму тој ќе биде прекретница во твојот живот- не, не на лошо, како што се сомневаш, бидејќи тебе секогаш ти се случуваат малери. Бидејќи има на кој да му се јавиш, на оној кој го интересира како спиеше и дали успеа да се одмориш. А, дали е тоа малку? А се’ друго ќе дојде.

Таа

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: