Ја пуштам музиката погласно за да не ги слушам небитните луѓе

Како стојат работите, никогаш не било потешко да им се одолее на влијанието на негативните вести како денес. Обидот да го избегнеме светот не е можно освен во негативна смисла, се разбира. Во позитивна смисла, можно е да се живее интелегентно во светот, а при тоа да не се идентификуваме со него. Една од техниките кои можат да ни користат во тој поглед во народот е познато како: ‘од едно уво влегува од друго излегува’.

Колку пати во текот на денот може да ни се случи да слушнеме како некој зборува и наместо да го примениме методот ‘од едно уво влегува од друго излегува’, ние се ‘фаќаме’ како почнуваме со тоа да се замараме? И што е најлошо, дозволуваме негативно да влијае на нас. Меѓутоа, ако сме во состојба да не земаме во предвид сѐ и сешто што слушаме на тв, интернет, нa улица, на работа, во кафеана, на пазар..повеќе ќе се слушнеме себеси и секако ќе бидеме полесни за еден тон непотребни грижи и стравови.

Проблемот е што ние тоа едноставно не сме во состојба да го направиме а еве и зошто:

Постои во нашиот ум една програма која се вика “собирач на информации” или приемник на мисли. Тој е еден од основните ментални програми, без кој нашето рацио не функционира. Проблемот се јавува кога таа програма, работи по негативна команда, страв, грижи, неизвесност, форсирање, негативност, предавство, лага, клевета, жртва, вина, дрога, војна, бомбардирање, убиство, смрт… и реагира.

Секогаш кога има карактеристика на некое наше болно искуство, ние по автоматизам реагираме и се браниме. Тоа во главно се случува на суптилен начин, но последиците се видливи на нашето тело, дишењето, емоциите и умот.

Треба да станеме свесни, на пример како ги држиме нашите рамена напнато и кренато, како секој момент да очекуваме напад, па мора да имаме некој штит. Забележете колку тоа ви одзема од виталната енергија. Или чувствуваме колку ни е напнато лицето, челото, јазикот, мозокот, стомакот, дишењето и ќе ви биде совршено јасно, дека имаме страв од опуштање и свесното постоење во сегашниот момент.

Она што можеме да направиме за да си помогнеме е да не земаме во предвид сѐ што ни доаѓа од надвор, да ја пронајдеме сопствената смисла- зошто сме на земјата и да почнеме да ја исполнуваме без двоумење. За да ја најдеме сопствената смисла треба да си го поставиме прашањето, кое треба да го истражуваме:” Што е тоа што ме привлекува, од кога знам за себе?”

Искрено, ние веќе го знаеме одговорот, само не сме се осудиле да покажеме интерес за тоа и да го најдеме начинот, да живееме од тоа што го сакаме. Поради тоа, нашата вистинска љубов- она што би можеле да го работиме од срце до крајот на животот- е покриена со сто морања, изговори, жалење, стравови, грижи, болести. Без оглед на тој несреќен факт, тоа и понатаму е потиснато негде длабоко во нас.

Твојата смисла е во твојата вистинска природа, преку која доаѓаш до израз а тоа си ТИ во целост.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: