Како очекуваш да те почитува тебе, кога не ја почитува својата жена?

Имав една пријателка која никогаш не знаеше себеси да си го избере вистинскиот маж или едноставно беше магнет само за оние лошите. Сакаше љубов, сакаше некоја промена во својот живот, но таа промена не се случуваше. Еднаш дојде на кафе кај мене и сета среќна почна да ми раскажува како конечно го најде оној вистинскиот и како е вљубена до уши. Беше на седмо небо, што јасно се гледаше по неа. Бев пресреќна поради неа бидејќи конечно го најде тоа што го бараше, бидејќи беше среќна.

Кога ми ја покажа неговата слика, се смрзнав. Го познавав тој маж, но исто така знаев дека е оженет и има две деца. Мислев дека со неговиот брак е се’ во ред, но очигледно погрешив. Го забележа моето изненадување и ме праша што се случи. Ја замолив следниот пат кога ќе се види со него, да го праша дали знае неговата жена дека е слободен и дека не е оженет.

Знам дека со таа реченица ги срушив сите нејзини надежи и соништа, но не можев да седам со скрстени раце и да ја гледам како си го упропастува животот со некој кој нема сигурно да биде нејзин. Сметав дека ако порано ја дознае вистината, помалку ќе боли. Замина во солзи и не се видовме, ниту слушнавме со денови. Следниот пат кога се сретнавме се познаваше дека е навредена. Многу е тешко кога на некој ќе му веруваш, а тој ќе ја изигра твојата доверба.

Во денешно време оженетите мажи слободно им приоѓаат на секоја девојка и флертуваат со неа. Истите тие мажи можеби имаат ќерка дома и не размислуваат како тие ќе реагираат кога некој на тој начин ќе се поигрува со нивната ќерка. Тој оженетиот маж има жена дома на која и’ се заколнал на верност. Ветил дека ќе биде покрај неа и во добро и во зло, а тоа е најмалку што еден брачен партнер може да очекува од другиот.

Семејството е света работа, тоа е мала држава во држава. Семејството треба да се гради, а не да се руши. Тој маж сам бираше да се ожени и никој на тоа не го присили. Дури и ако од некоја причина се предомисли по прашање на својот брак, не треба да започнува нова врска додека не заврши со својот брак, бидејќи ништо повеќе не боли од неверство.

Неверството е невозможно да се сокрие, таа кога- тогаш ќе се открие и излегува на виделина. Вистинскиот маж е оној кој е способен да и’ остане верен на една жена, а не оној кој ќе ја изневери. За него е важна среќата на неговото семејство и дома има се’ што му е потребно и знае дека со тоа не треба да се игра.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: