Мажот се грижи за жената една година, жената за него цел живот- 4 вистини кои доцна ги сфаќаме

Често жените ќе потрошат половина од својот живот додека не сфатат какви се мажите, како да се однесуваат кон нив, што сакаат од жените и како да им удоволат. Многу жени поминуваат низ многу разочарувања, прекини, разводи и многу други ситуации пред да сфатат како се однесуваат со мажите. Често мислиме дека е доволно да се биде убава, згодна, паметна, но во стварноста работите се многу поинакви. Жените низ животот се соочуваат со разни тестови, а некои вистини за мажите често ги дознааваат предоцна.

1. Прва вистина: Маж се грижи за жена отприлика една година, а жената за мажот до крајот на неговиот живот. Знам многу жени кои стануваат во 5 наутро за да им приготват на својот маж доручек и да им сварат кафе пред работа, иако многу од тие мажи знаат да готват и способни се самите да си направат доручек и да си сварат кафе. Мажите сакаат жените да се грижат за нив, иако многу од нив не покажуваат грижа кон своите жени. Ова е една од причините зошто многу млади жени не размислуваат за брак и повеќе се одлучуваат да бидат сами бидејќи така им е полесно.

2. Втора вистина: За да го пронајдете успешниот маж, прво мора сами да станете успешна жена. Во животот можете да бидете само со оние личности со кои можете да се сложувате во секојдневните навики, карактерот, начинот на размислување и односот кон парите.

3. Трета вистина: Секогаш постојат 10 чекори помеѓу вас и другата личност. Ако сте поминале 5 и никој не ви дошол во пресрет, свртете се и заминете. Ова правило не треба да важи само во текот на периодот кога сте во врска, туку цел живот. На заедничко место треба да се вложуваат чувства, труд, пари, време и енергија.

4. Четврта вистина. Вистинската љубов не е онаа која може да издржи години на раздвоеност, туку онаа која може да издржи години на блискост. Пред да побарате за себе маж по своја мерка, добро размислете за тоа дали сте вие жена која ‘вашиот маж’ ќе може да ве сака секој ден, од година во година до крајот на животот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: