Од женски агол: Ако не си подготвен да се посветиш на една жена, тогаш не и’ го одземај времето

Немам ниту желба, ниту сила да те убедувам дека сум посебна, бидејќи не сакам да се споредувам со други жени. Сакам нешто да ти кажам за да ме разбереш многу добро, јас барам искрена и чиста љубов и ништо помалку.

Не сум оној тип на личност која се задоволува со врски за една ноќ. Не барам кратки романси и отворени врски. Не сум онаа која можеш да ја одвлечеш во кревет и наутро да си заминеш и да не се јавиш. Можеби има многу жени кои се согласуваат на такви врски, но не и јас. Уморна сум од оние кои играат разни игри и кои се играат со нечие срце и чувства. Не ми треба човек кој само ќе прошета по мојот живот, кој нема да остане и кој има намера само да ми го скрши срцето. Веќе ми е скршено повеќе пати и не знам дали можам да поднесам да ми биде скршено повторно.

Можеш да мислиш дека сум старомодна бидејќи почитувам старомодни, традиционални врски и џентлменско однесување, но тоа е само затоа што сум уморна од сите оние ‘модерни’ мажи и лажни врски. Не ми треба маж кој ќе замине штом ќе се појави првиот проблем, не сакам привремена љубов и не се плашам тоа да го кажам. Моето време е еднакво вредно како и сечие друго и не планирам да го трошам на врска која веќе на почеток е осудена на пропаст.

Затоа не ми давај лажна надеж, не ми зборувај дека ќе останеш ако тоа навистина не го мислиш. Ако не сакаш сериозна врска со мене не се мешај во мојот живот и не почнувај ништо со мене. Ако планираш да ме лажеш и да очекуваш дека ќе ти верувам, не ми приоѓај. Бидејќи јас сум една од оние кои се даваат целосно во врска и го очекуваат тоа за возврат. Иако моето срце беше скршено повеќе пати, јас и понатаму верувам во вистинска љубов.

Можеби звучам како безнадежен романтик, но верувам дека на овој свет секој има свој пар. Сакам безусловна љубов која ќе трае цел живот. Не сакам да го дадам своето срце на незрело големо дете кое не знае дали сака да биде со мене или не. Не сакам да го дадам своето срце на некој кој не е подготвен да ме сака. Ако си еден од оние кој не верува во вистинска љубов не ми се доближувај. Нема да ти дозволам да ми го скршиш срцето. Доволно е скршено и повредено и не сум повеќе она што бев порано. Сепак и понатаму верувам во љубов. Можеби барам премногу, но подобро да бидам сама отколку во лоша врска, затоа не давај надеж ако не сакаш да останеш.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: