Животот се врти околу вас а не околу мажот

Некои жени премногу се грижат за мажите. Ги поставуваат на врвот на животниот пиедестал и им даваат идеални карактеристики. Им го посветуваат цело внимание и време. Се откажуваат од своите задоволства, желби и амбиции, за нив да им угодуваат. А всушност си штетат себеси. Се грижат дали ќе се јават, кога ќе се јават, кога ќе напишат порака, каков му е тонот на гласот. Анализираат дали одговорот е ладен, незаинтересиран или можеби неверен. Многу даваат а за возврат добиваат трошки. Врските се прекинуваат, животниот пат им се разделува.

Се заситувате од него и од себе во таква состојба. Емоционалната неврзаност ве спречува и гуши. На крајот ќе продишете. Се’ ќе се искристализира и вие конечно ќе сфатите дека тој не е така совршен. Откријте ги сите негови лажни маски и тргнете ги илузиите за вашиот идеален однос. Во вас расте голема желба за промена и напредок а со него не може да се оствари. Ќе ви се запали светилката во главата дека многу повеќе заслужувате.

Вие седите на својот животен трон. Вие самите себеси можете толку многу да си дадете, со работа на себе, со угодување, уживање во свое друштво. И ова не е себичност, ова е реалност. Бидејќи во суштина, вие сте независни и целовити. Ако само малку подлабоко загребете во животната есенција, ќе сфатите дека многу од вас сами ги постигнале најголемите успеси. Некои од вас се самохрани мајки и многу важна фигура во животот на своите деца. Можеби во моментот на разводот или раскинувањето ви се чинело дека светот ви се сруши, но повторно го изградивте. На вашите цврсти темели. Многу од вас имаат успешни кариери, но на некои од вас мажот поставил ултиматум да бирате меѓу работата и него. Вие ја избравте својата кариера и сега живеете возбудливи животни предизвици. Вие господарите со својата судбина.

Мажот може да го разубави вашиот живот и може да го обогати со љубов, внимание, почитување, воодушевување и други познати позитивни емоции. Но, тој не може да ги излечи вашите комплекси. Ако вие себе не се прифаќате, ако себе не се сакате и ако не работите на себе, тој тука не може ништо. Тој не може да ги пополни сите пукнатинки помеѓу раните и лузните. Вие сте таа која треба да има отворено срце за себе, потоа и за него.

Не смеете да му дозволите да ве велече за нос. Не смеете да му дадете безгранична моќ со вас да манипулира, да ве искористи и пополека да ве уништува. Никој не е вреден за вашите солзи и болка. Вие сте градител на сопствениот живот. Единствено вие имате шанса да станете жртва или хероина на сопствената судбина. Околностите не можете да ги менувате, но можете да влијаете да одлучувате за сопствените избори. Да учите на сопствените грешки. Во љубовните врски или некои други. Односот со мажот е важен, но вие и вашиот живот се уште поважни. На крајот умирате сами. Затоа потрудете се животот да ви биде разнолик, богат со различни нијанси на емоции, напредок, падови и непредавање.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: