Не може да се исфрли од главата она што доаѓа од срцето

Велат дека она што посакуваме да заборавиме е она на кое се сеќаваме засекогаш и во право се. Обидот да се решите од своите чувства е авантура која може да заврши со трагедија. Тоа е вистинско емоционално лудило. Обидот да се заборават мислите секако не е исто што и чувството или емоцијата.

Кога станува збор за мислите доволно е да се навикнеме да размислуваме за нешто друго, да кажеме ‘доста’ или ‘застани’ кога овие мисли ќе ни паднат на памет. Меѓутоа, обидот да ги елиминираме своите емоции значи негирање на стварноста и отфрлање на учењето кое ни е преставено. Желбата да инхибираме или да се решиме од она што чувствуваме длабоко во себе само ќе го зголеми се’ она што сакаме да го избегнеме.

‘Не ја сакам повеќе, вистина е, но можеби сепак ја сакам. Љубовта е така кратка а заборавот така долг..Бидејќи во вакви ноќи ја држев во прегратка, мојата душа не се предава, иако ја изгубив’ – Пабло Неруда

Ако сакате да заборавите значи сакате да се излажете себе. Многу пати ако сакаме да заборавиме, значи несвесно да ја храниме опсесијата за одредена личност. Меѓутоа, можеби она што сакаме да заборавиме не е личност, туку чувство. Секоја емоција и секое сеќавање не’ потикнува да обрнеме внимание на своето најдлабоко јас, на она на кое не обрнуваме внимание во секојдневниот живот. Поради тоа е тешко да се разбере: многу често нашата совест и зборови не успеваат да разберат што се прелева од душата. Таквите ситуации бараат многу интензивна внатрешна работа.

Мора да бидеме свесни за големата е веројатност дека ќе имаме помешани чувства, ќе чувствуваме бес, љубомора и други емоции. Тоа е нормално и мора да го прифатиме. Не можеме на својот ум да му дадеме задача да ги избегнува своите емоции: тоа не само што е невозможно, туку и многу опасно. Она што треба да направиме е да научиме да управуваме со тие емоции, да го контролираме своето однесување и да ја промовираме својата благосостојба. Да работиме на оваа точка значи да не се обидуваме по секоја цена да се чувствуваме добро, туку да се обидеме да го толерираме она што го чувствува нашето срце.

Решението не е во избегнувањето на болката, туку во разбирањето, за да се сеќаваме без болка. Срцето се зацелува само кога во сеќавањето можеме да ги задржиме добрите времиња. Кога страдаме не значи сеќавање на тие моменти, туку загуба на некој кој го сакавме или сеќавање кое избледи и кое не сме во состојба да го повратиме. Ако психички се потрудиме да сфатиме дека луѓето во нашиот живот доаѓаат и си одат, ќе сфатиме дека е важно она што е во нас, бидејќи таму ќе останеме засекогаш. Кога ќе бидеме во можност да го направиме овој чекор, можеме да почувствуваме се’ она што направивме, што ја прави разликата, што не’ враќа во живот и што не’ формира пред и потоа. Со други зборови, секое наше чувство се трансформира во дел од нас од кој не можеме да се откажеме; се’ што не’ боли што го изгубивме ќе остане засекогаш во нашето срце.

извор: https://lamenteemeravigliosa.it/non-si-puo-togliere-dalla-testa-cio-che-non-esce-dal-cuore

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: