9 работи кои ги прават жените со висока самопочит

Ниската самопочит е тоа што те држи во лоши односи, што им смета на новите и што те уништува одвнатре. Високата самопочит, секако дека не гарантира среќни односи, но помага подобро да се разбере она што сакаш и заслужуваш, исто така ти дава сила да се замине, ако тоа не го добиеш.

Еве 9 работи кои жените со висока самопочит прават поинаку во своите односи:

1. Сигурната жена не анализира дали таа му се допаѓа на некој- смета дека му се допаѓа. Луѓето со висока самопочит веруваат дека се достојни за љубов и не се сомневаат во тоа дека некој и нешто не чувствува кон нив. Тие знаат дека се добри и веруваат дека нивниот вистински човек тоа го гледа. Нивната самопочит не зависи од тоа што некој мисли за нив. Затоа таква жена е убедена дека му се допаѓа на мажот и може да биде во односи овде и сега, уживајќи во моментот без страв и сомнеж.

2. Сигурните луѓе сфаќаат дека ако односите не успеале, значи така треба. Но, не поради тоа што направиле нешто погрешно. Туку затоа што сите луѓе не си одговараат едни со други, понекогаш две личности едноставно се некомпатибилни. Никој од нив не прави лошо- едноставно тоа се случува. Сигурната жена не го доживува тоа лично, кога мажот не сака да ги продолжи односите.

3. Сигурните жени поставуваат здрави граници. Високата самопочит и здравите лични граници одат рака под рака. Тоа значи дека жената ги става своите лични потреби и емоции на прво место и не ја превзема на себе одговорноста за туѓите потреби и емоции. Сигурната жена знае што ќе прифати, а што не, што ќе дозволи а што не во односите. Таа ќе се однесува така како што сака и смета дека треба. Таа не ги крие своите особини за да изгради односи. Или мажот ја посакува таква или не, во спротивно не се сложува.

4. Сигурните жени си веруваат себеси и на своите одлуки. Тие можат да носат самостојни одлуки и да бидат подготвени да се соочат со било какви последици. Луѓето со висока самопочит не се сомневаат во своите постапки, тие само прават она што чувствуваат.

5. Сигурните жени не се фалат самите себе. Немаат потреба да им зборуваат на целиот свет колку се добри. Само несигурните луѓе тајно се чувствуваат недостојни, затоа ги кријат овие чувства, фалејќи се со своите достигнувања. Жената која постепено се отвора, многу е попривлечна од жената која веднаш се’ ќе каже. Кога сметаш дека си вреден, не треба на никој ништо да му се докажуваш.

6. Сигурните жени ја превземаат одговорноста. За своите постапки и емоции. Тие се виновни и не се срамат од својот партнер поради тоа ако се чувствуваат несреќно. Тие не се сметаат себеси за жртви. Сфаќаат дека нивното време е нивна одговорност. Како резултат на тоа, тие не остануваат во лоши односи, очекувајќи дека на магичен начин се’ ќе се промени. Не ги обвинуваат своите бивши, ја превземаат својата одговорност за своите одлуки и ги користат грешките како прилика да растат и да станат подобри.

7. Сигурните жени ги прифаќаат односите, такви какви што се, а не такви какви што треба да бидат. На сигурните луѓе не им требаат етикети, прстен или печат за да ги потврдат своите чувства. Тиа можат да бидат во односи какви што се и да дозволат се’ да се одвива природно, без притисок и брзина. Ова не значи дека сигурна жена ќе остане со мажот кој нема да ја запроси. Но, тоа не треба да го прави на одреден начин или одредено време. Во секој случај, односите треба да се развиваат.

8. Сигурните жени не остануваат во лоши односи. Тие не толерираат, кога не ги почитуваат. Не се плашат да заминат, кога нешто нема да успее, не мислат дека нема да можат подобро. Тие не можат веднаш да сфатат кога односите одат во погрешен смер и кога треба на време да се замине.

9. Сигурните жени бираат мудро. Сигурните луѓе ја користат главата и срцето, бирајќи го партнерот. Сигурните луѓе ја користат главата и срцето, бирајќи го партнерот. Сигурниот човек го привлекува другиот сигурен човек.

извор: https://econet.ru/articles/176413-9-veschey-kotorye-delayut-zhenschiny-s-vysokoy-samootsenkoy

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: