Може жената многу да го сака својот партнер и да се однесува кон него со многу нежност, но ако се почувствува за нешто навредена, тоа искрено ја спречува да го цени мажот. Наместо да се радува поради грижата од страна на мажот, жената тежи да се фокусира на тоа колку таа многу повеќе се труди од него.
Кога жената има напад на навреденост, не може себе да се примора да ја почувствува љубовта. Таа не може да се однесува онака како што се однесува некој кој сака, нејзиното срце останува затворено. Кога срцето е затворено, таа почнува да брои поени и мажот е секогаш губитник. Во такви моменти, тоа навистина изгледа дека тој не е добар за неа. Овој симптом е напад на навреда.
Со текот на годините нападот на навреда може да прерасне во хронична навреда. Во таа фаза, жената погрешно верува дека се омажи за погрешен човек и размислува за развод. Нема сомнеж дека таа жена не прима од бракот тоа што и’ е потребно, но тоа не значи дека не може да го добие потребното. И некој друг човек, исто така, не мора да и’ даде она што и’ е потребно.
Она што ќе го добиеш од односите не зависи толку од партнерот, колку од твојот однос кон него. Жените кои размислуваат за развод, често се жалат:’ Јас се’ давам, давам, давам а не добивам она што ми е потребно’. За да се реши овој проблем, треба да се сфати дека е тоа напад на навреда. Тогаш, наместо да се отфрли мажот и да се повтори истиот образец со друг човек, жената може да научи како се дава поинаку. Тогаш кога жената ќе престане сето време да дава, во надеж дека партнерот ќе возврати со исто е кога ќе научи да си дава прво себеси.
Ако жената е преплавена со чувство на навреда, дојдено е времето да направи нешто за себе. Кога жената премногу дава, таа секогаш малку добива. Знаејќи го сето ова од горенаведеното, жената може конечно да одлучи да не се жртвува поради партнерот, туку заради она што таа сака. Наместо да очекуваат партнерот да ги направи среќни и и да чувствуваат обврска тој да ги задоволи сите нејзини потреби, таа ќе почне себеси да си го дава она потребното.
Да му се даде на партнерот апсолутно се’ што имаш, а потоа да се очекува дека тој во потполност ќе ги задоволи твоите потреби на е нездрава тенденција. Оптималната опција е да работи се’ што е потребно за себе и да се труди да добие неопходна емоционална подршка и после тоа можеш искрено да му дадеш љубов на својот маж и детето, не очекувајќи ништо за возврат. Таквите односи носат многу повеќе задоволство.
John Gray од книгата ‘ Mars and Venus. Diet and Exercise Solution’
Leave a Reply