Прашања кои треба да си ги поставиш пред да му ги отвориш вратите на мажот

Мажот кој е вреден за твоето време покажува дека си и ти вредна за неговото. Вистинскиот маж, оној на кој дефинитивно треба да му се даде прилика, се однесува кон тебе со почитување од првиот ден.

Ја развлекуваш својата насмевка ради него? Понекогаш работите се навистина така едноставни. Се насмевнуваш ли без многу труд кога ќе помислиш на него, кога ќе го сврти своето срце кон тебе и кога ќе те насмее? Дали се развлекуваат твоите усни сосем несвесно во широка насмевка кога твојот напорен ден ќе заврши со ваша средба? Те прави ли радосна и самата помисла дека тој е дел од твојот живот? Дали се однесува кон тебе убаво?

Џентлменот е лесно да се препознае. Уште полесно кога ќе го сретнеш, а тој ќе ти даде љубов и нежност. Добар маж ќе отвори врата за тебе, ќе мисли на твоите чувства, ќе те праша како си, дали си среќна, дали може нешто да се направи за тебе. Тој ќе направи се’ што е во негова моќ за да се чувствуваш пријатно и за да ти покаже дека е вреден за твоето внимание, посебно на почетокот на вашата врска. Незрел маж ќе се обиде да те заведе, ќе те наведе да направиш нешто што не си подготвена, ќе игра игрици, нема да одговара веднаш на твоите пораки. Вистинскиот маж, оној на кој дефинитивно треба да му се даде прилика, се однесува кон тебе со почитување од првиот ден.

Те слуша ли? Ова прашање се чини банално, но всушност е многу важно. Дали те гледа во очи кога зборуваш и навистина внимателно те слуша? Или гледа наоколу, барајќи други жени, гледа во мобилниот? Мажот кој е вреден за твоето време покажува дека си и ти вредна за неговото. Се фокусира на тоа што зборуваш, памти што си кажала, го интересираат и најмали детали од твојот живот. Не заборави дека мажот кој слуша е оној кој се грижи за тебе.

Дали знае да те насмее? Секогаш треба да се даде прилика на мажот да те насмее. Тој знае дека си ти најдобра кога си среќна и ќе направиш се’ тоа да го постигнеш. Тој внимателно ја проучува твојата смисла за хумор и ќе ги прилагоди на тоа своите шеги. Тој сака да уживаш, а ако се смееш и уживаш со него, зошто тоа да не потрае? Дали си своја покрај него? Дали смета дека си посебна? Можеш ли покрај него да бидеш луцкаста, да се смееш додека стомакот не те здоболи, да играш наоколу додека тој те гледа? Се чувствуваш покрај него толку добро, чувствуваш дека си совршена каква што си? Дека не мора да менуваш ништо на себе? Тоа е мажот кој дефинитивно го заслужува твоето време.

извор: АPortal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: