‘Силна сум, непобедилива…Но, несреќна сум’. Текст за секоја жена

Денешните жени имаат повеќе пари, одлични можности за напредување во кариерата, добро образование и повеќе слобода од било кога. Сепак, незадоволството е се’ поголемо, а наметнатите идеали го кочат патот до вистинската среќа. Како да се излезе од маѓепсаниот круг?

Жените денес водат речиси идеален живот, после годините на добро образование сами можат да одберат по кој пат ќе тргне нивната кариера, соодветно се платени, мајчинството можат да го одложат до 40- те и ништо не стои на патот на нивната слобода. Сепак се незадоволни, несреќни и наклонети кон депресија повеќе од било кога.

Социолозите пронајдоа неколку објаснувања зошто тоа се случува. Едно од нив е тоа што жените денес имаат две работи. Една службена за плата и една по дома бесплатно. Изгледа дека најголемиот извор на фрустрација и несреќа кај жените е фактот дека сеуште тешко доаѓаат до одлични позиции на работа, заработуваат помалку од мажите, а не е ретка ниту ситуацијата кога остануваат бремени, па да останат и без работа.

Порастот на бројот на разводи и семејниот живот кој се разликува од оној во кој пораснаа е една од причините поради кои се жените несреќни. Наметнатиот идеал на среќа стана оптеретување кој не овозможува нормален живот и става горчлив вкус во устата на оние кои не успееја да ја достигнат. Никогаш порано среќата не беше толку идеализирана, а нејзиното отсуство толку болно. Жените некогаш беа посреќни од мажите, но во последните неколку години ситуацијата се промени и поубавиот пол стана понесреќен.

Жените денес пред себе ставаат цел која речиси е невозможно да се оствари- да се биде среќен според правилата кој ги напишал некој друг. Таа задача е речиси невозможно да се постигне и е еднаква на желбата да бидеме повисоки или да ги претвориме кафеавите очи во сини.

И додека го читате ова, сигурно многумина ќе се прашаат како некој може да биде толку смешен и навистина да сонува за таков живот, но општеството кое живее по начелото ‘победникот зема се’ им наметнува на многу од нас такво размислување. Резултатот е генерација на жени со потполно нереални очекувања. Работите кои се потребни за да се создадат и во нив да се вложува, денес се земаат здраво за готово. За разлика од нашите баби и мајки, денес многу лесно забораваме да бидеме благодарни на се’ што имаме и што сме постигнале во животот, важно ни е само она што немаме и сета енергија е насочена кон таа цел. Живееме во себично материјално друштво кое ни забранува да ја погледнеме широката слика и го задржува нашиот поглед на неважни детали.

извор: zadovoljna

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading