4 вида на привлечност – Физичката е само една од нив!

Постојат повеќе ‘состојки’ во целокупната комбинација која некој го прави привлечен, а физичката привлечност е само една од четирите клучни ставки.

Динамична провлечност. Начинот на кој се изразувате- вашиот динамички изглед, ве прави атрактивни и привлечни. Или не. Тоа е она што се нарекува динамичка привлечност, а таа е всушност, вашиот говор на телото. Таа вклучува изразување на емоција и личност и е клучен елемент на личната харизма на поединецот. Вашите уверувања, карактерни црти, вашите таленти, самодоверба, духовитост кои зрачат од вас. Позитивно изразување. Насмеано лице, оптимистично темпо, интерес за соговорникот, посебни очи и израз на лицето се поврзуваат со динамична привлечност.

Околности. Голем број на истражувања во социјалната психологија зборуваат дека ситуацијата ни е важна. Пред се, ни се допаѓаат и не’ привлекуваат луѓе на кои и ние им се допаѓаме. На наклоност возвраќаме со наклоност. Освен тоа, истражувањата покажуваат дека ако доживееме нешто што не’ возбудува, дел од тоа возбудување можеме да му го препишеме на партнерот и да му станеме уште попривлечни.

Статичка привлечност. Тоа е она со кое сме родени- облик на вашето лице, физички карактеристики, општо вашиот облик на телото. Секако, физичкиот изглед може да се менува како што стареете, без оглед на пластична хирургија, но физичката привлечност е компонента околу која не можете многу да се направи.

Самопретставување Тоа ги вклучува сите работи кои поединецот може да ги направи со својот изглед, што ќе го направи физички попровлечен- нега, шминката, фризурата, стилот на облекување и така натаму. Тоа е компонентата на привлечноста која се постигнува при ‘уредување’, а кон која сите сме многу наклонети.

автор: mimimagazin.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: