Се’ што ќе започне диво, најчесто на ист начин ќе заврши

Личноста која е гладна ќе земе било што само да се најади. Исто е и кога сте гладни за љубов. Ќе влезете во врска или брак не размислувајќи дали е тоа хранливо или токсично за вас. Ако ви се покажат некои знаци на внимание, наклоност, веднаш ќе заклучите дека е тоа љубов и дека таа личност е вистинска. Верувате дека тоа е љубов бидејќи се’ она што добивавте порано беше помалку од она што сега одеднаш го добивате во тој однос.

Проблемот се создава кога две личности гладни за љубов воглавно ќе се вљубат во личности на кои таа љубов нема да може долгорочно да им ја даваат и чија љубов ќе биде само привид. Подоцна за таа љубов ќе мора да молите, да се менувате, да ја спасувате другата страна, да чекате, да се надевате, илузионирате, да верувате во невозможно. Накратко да се изгубите себе во секоја смисла на зборот.

И на крајот на сето тоа, таканаречената љубов никогаш нема да биде како што беше на почеток. Таа на почеток е илузија дека засекогаш ќе останат со токсичната личност- маска. Всушност, потполно гладни за љубов, несвесно голтате се’ што другата страна ви нуди. Ве опсипува со љубов, внимание, дарови…како дете со бомбони, а после тоа се’ ќе ви скрати. И така се случува пекол за вас. Се’ она што имавте во толкава количина за момент исчезнува. Тоа е така болно, исцрпувачки и сурово од другата страна. Ќе ве заведи и ќе ве отфрли.

Во овој случај од една крајност (глад за љубов) одите во друга крајност (постојано внимание и љубов). Лесно е да се помисли дека таа личност е принц на бел коњ и оној совршен. Некои мажи (или жени) навистина ќе бидат ‘оној/ онаа права’ , но таа личност нема после неколку дена да ви вети чуда, да ви зборува дека ве сака. Таа личност ќе ве запознава пополека, како и вие неа, па од тоа ќе се гради однос. Се’ што започнува диво и лудо, најчесто на ист начин завршува. За да можете да изберете вистински односи за себе, ќе мора да се научите да се храните со здравје и љубов кон себе. А тоа вклучува запознавање и прифаќање на себе во сите расположенија, како во добри, така во лоши.

извор: АPortal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: