Љубов сте вие, а не личноста која ја сакате

Често луѓето ја изедначуваат љубовта со луѓето кои им се важни, кои ги сакаат. Сепак, знајте дека чувството на љубов како и сите други чувства се создадени од нас, од нашето постоење, од нашата душа. Кога чувствуваме љубов, ни се чини дека е од другата личност, но всушност ние сме љубов, чувствуваме и вибрираме љубов, не само кон одредена личност, туку кон сите.

Кога сакаме, околината тоа го забележува, а целокупното доживување на животот е неопишливо подобар. Конечно живееме, слушаме песни, ја забележуваме уметноста, убавината на природата и магијата на животот. Сето тоа од причина што сме отворени, со широка свесност, тогаш кога сме на висока вибрација на љубовта. Тогаш ни се случуваат среќни околности, полни сме со енергија, здрави, добронамерни, инспирирани. Штета е да се мисли дека е потребен надворешен повод за да бидеме љубов и дека љубовта е условена од односот со некоја одредена личност која мора да се однесува на точно одреден начин или да возврати љубов за да можеме ние да живееме.

Се’ она што сме во некој момент е дел од една универзална енергија која можеме да ја наречеме божествен извор, а ние сме креатори кои бираме што ќе бидеме. Дали ќе бидеме љубов или нешто друго. Тој избор се чини е условен со надворешни случувања, но тоа не е вистина. Пробајте и осознајте.

Вие можете да бидете љубов кога и да сакате. Вие сега можете да бидете љубов. Сега направете мал експеримент од неколку минути. Се’ што ви треба е фокус на случување, ситуација, себе, Бог, природа, животно, бајки или било што ќе предизвика во вас чувство на љубов. Тоа може да биде нешто измислено. Тоа може да биде само некоја желба или исчекување. Не е важно. Дури тоа може да биде сеќавање на вибрација или чувство на љубов само по себе без ништо во позадина. Задржи го фокусот некое време и чувството ќе биде се’ посилно поради законот на привлекување кој ни носи се’ повеќе од она на што се фокусирате.

Љубов можете да бидете кога било. И можете да ја делите со било кој. Пробајте, воопшто не е важно дали се ваши пријатели или непријатели. Дали ги познавате тие личности или не. Љубовта со своите мисли можете да ги праќате секаде. Ќе видите како ќе ви се враќаат со оглед дека светот е огледало на вас самите. Така битисувајќи љубов неусловена од било какви надворешни случувања, вие сте слободни во својата љубов и имате вишок.

Тогаш се отвораат вратите и се случуваат чуда! Ви доаѓа љубов во пресрет! Ја повикавте љубовта во својот живот! Така е лесно. Се’ што ви треба сега и веднаш е да тргнете да вибрирате љубов, а не да чекате да ви се исполнат точно зададените цели и норми, да му се допаднете на овој или оној. Не, сега веднаш уживајте во животот. Засакајте се себеси, тоа е најлесен начин секогаш да ви биде достапен патот до љубовта. Само сетете се, го сакам своето тело, го сакам своето здравје, го сакам својот живот, сакам, сакам..

извор: APortal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: