Како стареете луѓето ви се помалку драги? Еве зоштo e тоа во ред

Луѓето влегуваат во вашиот живот често одеднаш, но речиси со исто изненадување и излегуваат од него. Поради некои ви е многу жал, бидејќи мислевте дека тоа нема да се случи, дека повеќе нема да се дружите. Сепак, не е крај на светот. Тие повеќе не се дел од вашиот живот и треба да гледате како на добра работа. Да вредеше, ќе траеше.

Како стареете, така се’ помалку луѓе пуштате во својот живот. Еве и зошто е тоа сосем во ред.

Како стареете, помалку сте подготвени да трпите одредени работи. Кога сте млади, често имате желба да бидете пријател со сите. Премногу се грижите за тоа што другите мислат за вас. Можеби правевте одредени работи за кои во овие години не се осмелувате, само за да ве прифатат. Меѓутоа, тоа влијаеше за остварување на лоши пријателства. Тогаш не ги разбравте знаците на предупредување или не можевте да ги препознаете другите дека ве ‘газат’. Со зрелоста, се помалку сте подготвени да трпите одредени работи. Немате време за незрели глупости дури иако тоа значи дека повеќе нема да се гледате со луѓе со кои поминувавте доста време. Повеќе сакате да поминувате време сами, отколку со некој поради кој се чувствувате дека сте осамени.

Како стареете, помалку се грижите за остварување на нови пријателства. Дојдовте до точка во кои стекнувањето на нови пријатели и остварување на нови пријателства повеќе не е на вашата листа на приоритети. Ниту блиску. До сега се искристализираа луѓето кои се покрај вас. Сепак, тоа не значи дека не сакате да се дружите. Зборувате со луѓето, се дружите со нив, правите различни активности со нив, но не ги пуштате внатре. Не им ги доверувате вашите тајни. Не им дозволувате да видат како сте ранливи. Одамна сте ја поминале точката кога ви беа потребни нови пријателства. Не, не сте песимисти и депресивци. Едноставно, немате време за тоа, бидејќи вие така одлучивте и тоа е во ред.

Како што стареете, помалку им верувате на луѓето. Бевте изненадени со каква леснотија луѓето ве напуштаа. Луѓе за кои мислевте дека се квалитетни и дека секогаш ќе ви се најдат при рака. Тоа е воедно е суров начин да ги отворите очите. Поради тоа зајакнавте. Затоа имате дебел слој на кожа, па воопшто не ви е важно што другите мислат за вас. Оние најдобрите луѓе се покрај вас и нивното мислење го почитувате, како и тие вашето. Сите други…Среќа па заминаа.

Еднаш кога ќе престанете да им дозволувате на другите кон вас да се однесуваат на лош начин, тогаш многу од нив ќе сфатат дека од вас немаат корист. Вие почнувате да се подобрувате себеси. Одвнатре. На сите можни начини. Станувате личност која вистински знае што сака. А тоа не се луѓе кои ќе ве сопнуваат на секој чекор и ќе ве искористуваат на сите начини.

извор: minimagazin.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: