Овие се знаците на телепатија меѓу две личности

Телепатската поврзаност помеѓу две личности не е ништо помалку од чудо. Ако човечкиот мозок е способен да направи таква работа, тогаш замислете што може да се постигне кога луѓето ќе ја сфатат својата моќ и ќе ги разгорат своите ментални способности за поголемо добро.

Дали чувствувате необјаслива ментална поврзаност со некој дури и ако таа личност не е во близина? Дали чувствувате дека можете да разговарате со неа без да користите ниту еден збор? Кога две личности делат длабока телепатска врска можат меѓусебно да допринесат еден за друг иако колосални океани ги разделуваат. Можат да почувствуваат меѓусебна присутност било каде и во било кое време.

Човечкиот мозок е ремек дело способно да оствари чуда. Едно од чудата на човечкиот мозок е телепатија. Телепатијата е спротивна на концептот на времето и просторот и овозможува човечки контакт без потреба за вербално соочување. Ако делите ваква врска со некој, сигурно ќе се сретнете со овие знаци. Добивате инстант вибрации кога разговарате со некој. Таа личност не мора да ги искаже своите позитивни или негативни чувства за да открие што чувствува кон вас. Едноставно знаете што таа мисли, дури и ако не покажува отворено.

Кога некој близок ви зборува лага, едноставно тоа го знаете. Дури и ако упорно се обидува да ја сокрие вистината, неговите мисли ќе го предадат и конечно ќе ја откриете невистината. Ако искрено сте заљубени во некој, можете да влезете во мислите на таа личност, а таа тоа да не го знае. Ако вашиот партнер е во опасност, веднаш можете да добиете застрашувачко чувство кое произлегува од вашиот ум. Можеме да почувствуваме страдање и болка на нашите сакани дури и ако тоа не можеме да го видиме со сопствени очи.

Молчењето станува гласно и тешко кога сте со некој близок. Кога сте вљубени во некој на пример, тоа е тишина преполна со љубов и приврзаност. Понекогаш оваа тишина е толку неодолива што ве тера да се приближите до другата личност и да ја гушнете со страствена љубов. Чувствувате сигурност со некој кој ви е близок. Дури и ако сте заглавени во неприлика или опасна ситуација, чувствувате сигурност покрај својот партнер. Тоа чувство на аура ве штити од непосредни опасности и неволји. Телепатската поврзаност помеѓу две личности не е ништо помалку од чудо. Ако човечкиот мозок е способен да направи таква работа, тогаш замислете што може да се постигне кога луѓето ќе ја сфатат својата моќ и ќе ја разгорат својата ментална способност за поголемо добро.

извор: oazaznanja

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: