Мојата најсреќна одлука е да ги пуштам луѓето да мислат за мене што ќе посакаат

Мојата најсреќна одлука е да ги пуштам луѓето да мислат за мене што ќе посакаат. Всушност, тоа е нивна работа, тоа се нивни мисли и нивно време, кое го трошат како што сакаат. Каква врска имам со тоа?

И сега сум супер слободна. Повеќе не се плашам дека некој ќе го разочарам! Ниту минута нема да трошам на расправа. Не влегувам во никаква дискусија. Нема да докажувам дали сум во право или не. Мрзлива сум за тоа. И многу ми е жал за времето кога не бев мрзлива.

Мрзлива сум на сила да разговарам со оние со кои не сакам. Мрзлива, да водам глупи разговори и преписки со луѓе кои не ми се интересни, кои сакаат мене да ми ја закачат нивна етикета на комплекси, а не моите или да зборуваат со мене за она за што не сакам да зборувам со нив.

Мрзлива сум да кажам ДА, кога се’ во мене вели НЕ. Мрзлива сум да се извинувам за своето мислење, кое никогаш на никој не му го наметнувам, но не барам ниту да ме убедуваат.

Научете се на таква мрзливост, драги мои.

Затоа што токму вас таа ќе ве сочува за луѓе кои ви се важни во животот. Ќе ви овозможи да им помогнете на оние на кои вашата помош им е потребна и да не губите време на оние кои претураат од шупливо во празно. Ќе ви даде слобода… и оние кои не ве трпат, а од некоја причина упорно ви се мешаат во животот, тоа да им го ставите на знаење.

Мрзливоста ќе направи голема чистка во вашиот живот, после кое во него ќе остане само она што ви е потребно. Ослободувањето од непотребните работи на сите нивоа е еден од условите за чување на психичкото здравје, како и на секој друг. Бидејќи ништо не не’ уништува како зависноста од туѓото мислење и насилството над самите себе, додека цело време се трудиме да исполниме нечии очекувања и да бидеме добри со сите.

Не превземајте обврска на себе емоционално да им служите на оние кои сметаат дека нивното мислење за вас, треба да влијае на вашиот живот. Никој освен вас не треба да влијае на вашиот живот.

И затоа, нека мислат за нас колку им е драго. А ние ќе живееме, додека тие мислат.

Извор: femina

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: