Не им помагајте на мажите!

Жените постојано се обидуваат да им помогнат на мажите, при што создаваат непотребни работи кои не само што не помагаат, туку и им штетат на другите. Ова посебно се однесува на мажите. Еве неколку примери.

Жената живее во врска со маж чиј талент никој не може да го препознае! Тој е голем музичар ( сликар, бизнисмен, програмер, научник, писател) но никој освен него тоа не го сфаќа. Тој не и’ купува на жената цвеќе, ниту подароци, правдајќи се дека тој работи нешто и чека некој да почне да го промовира! Тогаш, по неговите зборови, се’ ќе биде во ред! Жената чека, работи, му помага, плаќа се’…година, две, …десет.

Втора ситуација: жената живее со мажот во неформален брак (невенчано), периодично и’ купува нешто и понекогаш ја води некаде, но вели дека не е подготвен за сериозни односи (освен за дружење и секс) не сака деца, семејство исто така, бидеќи имал многу тешки минати односи- уште не е на ‘сигурни нозе’, уште не се нашетал, мора да се разведе со жената, треба прво да се обогати. Жената верува и чека, му служи година, две…десет.

Но, ниту во едениот, ниту во другиот случај ништо не се случува, а жената мисли: ‘Веројатно малку се трудам! Веројатно малку вложувам во него! Но, вистината е – најважно и наголемо нешто што можете да направите за мажот е да престанете да правите нешто за него! Додека жената во односите зема активна позиција, работи, обезбедува, мажот нема да прави ништо или едвај. Тоа само покажува низок степен на самопочитување на жената, дека тие не се ценат доволно, не се почитуваат и не се сакаат!

Ако сакате да го направите мажот- маж, престанете да му помагате, да го туркате, да се грижите за неговите промашувања! Нормален возрасен маж сам е во состојба да ги реши своите проблеми и уште може да и’ помогне на жената да ги реши своите. Заборавете на фразата: ‘Ќе му помогнам на мажот’.

Понекогаш можеме да ги поддржиме, но нашата поддршка се изразува во три работи: Верба во него (без зборови, ова верба се манифестира само со искрен поглед на воодушевување) Најдобро е да се видат квалитетите кај мажот, да имате добро расположение или смиреност, пријатна атмосфера дома. Ако сакате вашиот маж да стане јак и храбар, не треба да го учите на живот, не треба ништо да се советува, не треба да се помага во финансирање на неговото дело, не треба да го жалите! Дури и да имате тешки времиња, не се зафаќајте со работа, дајте му да порасне со потешкотиите.

Мажот расте преку потешкотиите, се развива, станува посилен и почнува да се почитува сам себе! Ако постои финансиски проблеми, бидете расположени, дури и ако на масата некое време има малку каша и ориз. Тоа јасно ќе му покаже на вашиот маж дека ви е важен во било кои околности! Ова ќе ја зајакне неговата вера и доверба.

Научете да се радувате со себе и со другите и научете во се’ да бидете задоволни, тогаш ситуацијата ќе се промени и ќе видите како мажот се претвора во принц! А ако мажот не превзема одговорност за вас- тогаш најверојатно не е ваш маж!

Треба да се работи на самопочита и тогаш ќе дојдат нормални одговори од преставниците на посилниот пол. Не треба да се одлучувате на компромисите и да се живее од година во година убивајќи ја самопочитта. Не ги омаловажувајте своите мажи со сожалување и со константно помагање! Тој се’ може сам! Едноставно верувајте во него и дајте му шанса да стане ваш херој.

извор: http://www.cluber.com.ua/lifestyle/lichnaya-zhizn/2015/11/ne-pomogayte-muzhchinam

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: