Многумина барем еднаш во животот се соочиле со крај на љубовта. Се чини дека оваа секогаш тешка ситуација на некои им станува многу посложена отколку на другите. А тоа е затоа што таа личност тврди дека му е скршено срцето. Тешка, парализирачка болка. Можете да паднете во заблуда мислејќи дека тие луѓе имаат многу силни и длабоки чувства кон партнерот или дека се слаби. Скршено срце? Тоа не е така!
Немаме буквално скршено срце јасно е, бидејќи тоа физиолишки е невозможно. Тоа никогаш не се случило дури ниту во метафизичка смисла. Можеби во некој момент само се чувствуваме како го предадовме своето срце во рацете на личност која не’ малтретира и уништи. Во стварноста, меѓутоа, дури и ако е тоа тешко да се признае, ние сами себеси си се повредивме.
Љубовта не уништува, дури ниту кога ќе заврши. Кога навистина сакаме некој, на чист и здрав начин, страдањето е поинакво, бидејќи е ослободено од сите зависности, затоа не смееме да ја препуштиме својата среќа во други раце, ниту да очекуваме дека партнерот ќе ја пополни празнината. Секако дека секогаш имаме очекувања и тие во извесна смисла се непоходни. Очекуваме почитување, поддршка и искреност од нашиот партнер.
И покрај тоа, зрелата љубов сфаќа дека секој е одговорен за свое добро. А оваа одговорност исто така вклучува знаење како да се дистанцирате од оние кои кон вас се однесуваат на вистински начин. За овие ситуации обично ја обвинуваме другата личност, но вистината е дека се повредуваме продолжувајќи ја врската.
Љубовта не боли, боли егото. Боли кога се држиме, покоруваме и го негуваме самољубието во име на љубовта во врската. Ако сте една од големата група на луѓе која во еден момент од својот живот мисли дека имала скршено срце, не се чувствувајте виновни. Не сте слаби бидејќи го искусивте тоа чувство. Ништо не сте послаби од другите, ниту одредена личност е нешто посебно. Ниту дека сте премалку за неа.
Кога живееме во врска, почнуваме да ја планираме иднината со друга личност. Правиме планови, поставуваме цели и ги визуализираме целите кои заедно ќе ги постигнеме. Веруваме дека животниот проект кој го делиме ќе има среќен крај. Но, животот е променлив и не може да се контролира. Работите не одат секогаш онака како што е планирано. И ако во тој момент не можеме да сметаме на добра ментална еластичност, адекватна прилагодливост и солидна самопочит, нашиот пад може да биде многу лош.
Научете да управувате со своите очекувања. Во ред е со партнерот да делите соништа и планови, но не смееме да дозволиме нашата психолошка и емоционална стабилност да зависат од тоа. Мора да бидеме подготвени да се соочиме со промените не мислејќи дека нашиот свет се распаѓа, за тоа да го направиме, треба да работиме на себе и на својата самопочит, како и на својата флексибилност. Ако мислите дела некој ви го скрши срцето, пронајдете го вистинското потекло на ова чувство и сетете се дека на вас е да почнете да сакате на поздрав начин. Почнете да се сакате безусловно. Промената може да биде застрашувачка, но се’ е можно.
извор: https://lamenteemeravigliosa.it/cuore-spezzato-no-solo-aspettative-deluse
Leave a Reply