Биди она што сакаш a не она што другите очекуваат- 7 корисни лекции

Да се направи некаква промена во својот живот не е лесно и често е потребно многу труд и откажувања за да се случи промена. Промената не може да се случи преку ноќ, бидејќи постојат многу работи кои со години се собирале: сомнеж во себе, незадоволство од животот и неуспех. Постојат неколку лекции кои треба да ги научите на патот до својот среќен и исполнет живот.

Лекција 1: Секогаш ќе бидете дел од Универзумот. Ако луѓето околу вас и околностите се негативни, тоа е затоа што ги прифативте такви. Не се виновни ниту родителите, ниту пријателите, ниту роднините, ниту државата, виновни сте вие. Што побргу тоа го прифатите, побргу ќе тргнете напред. Запомнете дека вие не сте жртва на околностите, туку вие сте креатор на својот живот. Само вие имате моќ нешто да промените.

Лекција 2: Бидете она што сакате. Модерното општество ви наметнува стереотипи, за да станете успешни, мора да имате влијателно семејство, многу пари, богат спонзор и слично. Ова се глупости. Она што е важно е да имате волја и желба да правите она што сакате. Дозволете си себеси да бидете она што сакате да бидете, а не она што очекуваат од вас.

Лекција бр.3 Вие сте творец на сопствената стварност. Никој не треба да слушате. Ниту пријатели, ниту познаници. Слушајте се само себеси, бидејќи само вие знаете најдобро за вас. Само вие знаете што сакате да постигнете и само ако сакате да се слушнете себе, а не другите, тоа ќе успеете.

Лекција 4: Заборавете на страв. Само ако бидете искрени кон себе, ќе можете да го совладате секој страв кој ви е наметнат однадвор. Заборавете на страв од неуспех, на фактот што ништо нема да успее и колку труд тоа ќе ве чини.

Лекција 5: Подгответе се многу да учите. Сигурно нема да биде лесно, но за да постигнете нешто во животот, мора многу да учите и да се усовршувате. Мора постојано да учите.

Лекција 6: Изборете се со својот најголем непријател. Кога постепено ќе тргнете да се движите во добар смер, вашиот најголем непријател на тој пат ќе бидете вие самите. Не му дозволувајте на никој да ве сопнува, а никако не дозволувајте тоа сами да си го правите. И запомнете, ако ништо не направите за да ја постигнете целта, никој тоа нема да го направи наместо вас. Вашите резултати зависат од вас.

Лекција 7: Пофалете се себеси и за најмали резултати. Ова е нешто што ви е навистина потребно колку и да ви звучи смешно. Во животот ќе сретнете многу луѓе кои ќе ве критикуваат или ќе ви даваат совети како нешто можат да го направат подобро, но ќе сретнете малку од оние кои искрено ќе ве пофалат. А зошто вие не се пофалите себе.

извор: infopult

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: