Не е секогаш паметно да им се помага на другите- туѓите проблеми не треба да се решаваат од 3 причини

Помагањето на другите не е секогаш толку корисно како што ни се чини. Понекогаш во своето настојување да помогнеме, можеме само уште повеќе да им одмогнеме на другите и да им нанесеме штета. Во ред е кога сакате да им покажете на некои недостатоци или сакате да им помогнете да го избегнат страдањето, но не треба да решавате ничии проблеми.

Незадоволството и болката ни помагаат да добиеме внатрешна сила, поради тоа не треба да се плеткаме и да решаваме туѓи проблеми. На тој начин овозможуваме нивен раст. Единствено кога мора да решавате проблем за друга личност е кога таа физички или психички не е во состојба да се грижи за себе. Постојат три главни причини зошто не треба да решаваме туѓи проблеми.

1. Ја потиснувате нивната издржливост и досетливост. Единствен начин да не развие способност за решавање на проблемите е со него да се соочите лице во лице. Да, би било многу полесно да се префрли се’ на некој друг, но на тој начин само ја губите довербата во сопствените способности и станувате зависни од другите. Не можете да решавате туѓи проблеми, бидејќи на тој начин го ограничувате развојот на издржливост и досетливост кај луѓето, а ова се особини многу важни за преживување.

2. Го спречува развојот и предизвикува зависност. Овој аспект е тесно поврзан со предходниот. Што се случува кога личноста има некој кој може постојано да го извлекува од неволја? Едноставно престанува да расте и да се развива и останува ментално незрела. Тогаш нејзините чувства и однесување се смрзнуваат на исто ниво што може да доведе до големи последици. Прво, луѓето кои не знаат сами да ги решат своите проблеми стануваат раздразливи и полни со барања. Можеби нема да ја ценат поддршката која ја добиваат бидејќи ја гледаат како одговорност на другите. Такво галење доведува до фактот дека тие луѓе немаат појма како е тоа да се постигне нешто самостојно. Од самата помисла дека мора да работат се чувствуваат себично и дрско.

3. Дали сте сигурни дека навистина знаете што е добро за другите. Тоа е еден од најголемите причини зошто не треба да ги решавате туѓите проблеми. Зошто помисливте дека знаете што е најдобро за друга личност? Со свои очи гледате на светот и потешкотиите, но другите можат да имаат свое, потполно друго гледиште. Она што е добро за една личност не мора да биде добро за друга.

Секој од нас има свој пат во животот и тој пат треба да биде пријатен и да ни помогне да станеме своја најдобра верзија на себе. Понекогаш и најдобрите намери имаат страшни последици. Никој нема право да ги наметнува сопствените решенија за туѓи проблеми. Тоа може да доведе до појава на нови проблеми или влошување на постоечките.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: