Сите твои вистини кога си осамена

Вистината е дека многу размислуваш за љубовта, прашуваш што тргна погрешно, размислуваш за своите избори и се прашуваш зошто секогаш се’ завршува пред да почне и дали е твоја вината. Осаменоста ти го крши срцето, минатото ти го крши срцето, спомените и сеќавањата ти го кршат срцето.

Вистина е дека сакаш да бидеш сакана и повторно да посакаш да сакаш. Вистина е дека за тоа размислуваш повеќе отколку што признаваш. Вистина е дека си осамена и чувствуваш дека нешто ти недостасува. Вистина е дека размислуваш за луѓето кои порано ги сакаше и можеби ти недостасуваат, но не сакаш тоа да го знаат бидејќи нема смисла. Те повредија.

Вистина е дека не се плашиш од љубовта туку од скршено срце. Не се плашиш прва да пуштиш порака или да се јавиш, се плашиш дека нема да ти одговори. Не се плашиш да му кажеш на некој дека ти недостасува, се плашиш дали му се допаѓаш. Не се плашиш да се вљубиш туку се плашиш дека на тоа ќе му дојде крајот, се плашиш дека височините водат кон пад. Се плашиш што ќе се случи после пад- посебно ако си ти таа која ќе падне.

Вистина е дека размислуваш за љубовта, се прашуваш што тргна наопаку, размислуваш за своите избори и се прашуваш зошто секогаш се’ завршува пред да почне и дали е тоа твоја вина. Се плашиш да го скршиш своето срце, бидејќи мислиш дека само себе можеш да се обвинуваш за тоа. Ти си таа која на некој му го даде срцето, некој кој го скрши. Ти си таа која го сакаше некој кој не можеше да возврати љубов.

Тврдиш дека го преболи, дека имаш поважни работи во животот, дека го чекаш вистинскиот, бидејќи секогаш паѓаш на погрешни. Секогаш ќе се прашуваш дали е тоа уште една лага или игрица, дали се обидува со тебе да заборави некој и кога ќе најде некој друг. Затоа ги саботираш сите врски бидејќи се плашиш повторно да сакаш. Не се плашиш всушност од љубов туку од скршено срце. Не сакаш да бидеш сама и не сакаш да бидеш со погрешен.

Иронија е и дека љубовта ти го крши срцето и кога си сама. Осаменоста ти го крши срцето, минатото ти го крши срцето, споменот и сеќавањата ти го кршат срцето. Не можеш да побегнеш од скршеното срце дури и кога тоа се обидуваш да го избегнеш. И затоа слободно вљуби се во некој поради кој се чувствуваш добро. Еден ден врската нема да заврши и повеќе нема да се плашиш. Со таа личност ќе се чувствуваш најсигурно на светот. Ќе се чувствуваш како дома.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: