Што велат психолозите: Зошто мажот ве изневерува, а потоа ве моли да не го оставате?

Сите врски на почеток се одлични. Убаво ви е додека сте заедно и замислувате дека цел живот ќе го поминете со личноста која е покрај вас. Почнувате да му верувате на својот маж и си дозволувате себеси да бидете ранливи покрај него. Двајцата се трудите да се зближите и да ја развиете својата врска за таа да функционира како треба. Ви се чини дека со него е се’ поинаку отколку со другите и се трудите да бидете најдобра девојка, жена за него.

Мислите дека вашата врска е непобедлива, а потоа нешто одеднаш се случува и доаѓа до пресврт. Почнувате да чувствувате дека нешто не е во ред и дека вашиот маж се оддалечува од вас. Чувствувате дека пополека го губите, но не сфаќате која е причината. Забележувате дека мажот се однесува чудно. Се оддалечувате, па се трудите да не биде така, но безуспешно. Нема повратна информација од него.

Тој повеќе не е најверен и најискрен маж за каков го сметавте. Дознавате дека ве изневерил и тоа ве боли. Сакате да ја сочувате вашата гордост и достоинство и одлучувате да си заминете. Тогаш тој почнува да ве моли да се вратите, но прашање е дали тој има право на тоа?

Ако навистина сака да биде со вас, зошто тогаш ве изневерувал. Зошто сега ве посакува назад кога се’ дознавте? Зошто пред да ве изневери, сакал вие да му бидете една и единствена?

Ве моли затоа што чувствува вина. Се чувствува виновен што ве изневери и повреди. Ако се одлучите да му простите, бидете подготвени дека тоа може да го повтори. И така можете да се вртите во круг долго време. Се’ додека сте подготвени да простувате неверство, тој ќе изневерува и ќе се враќа молејќи за простување.

За крај еден совет за сите мажи: ако не сакате да ја изгубите жената, не изневерувајте.

Совет за жените: Маж кој ве сака, никогаш нема да ве изневери.

извор: infopult

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: