Ова е тип на жена која мажот никогаш нема да ја остави

‘Најди жена која ќе направи да се почувствуваш жив. Таа нема да ти го направи животот совршен, но ќе биде бескрајно интересен. А потоа сакај ја со се’ што постои во тебе’. Гејл. Г. Ропер

Некогаш одамна кога бев неискусна, слушав приказни за мажите, дека не ги оставаат своите партнерки поради згодни жени, туку поради оние кои се интересни. Ова е сепак широка генерализација. Секако е точно дека мажите ги оставаат своите сопруги или партнерки и поради помлади и веројатно за нив атрактивни партнерки. Љубовта може да исчезне. Тоа е точно.

Како растев и станував жена, а животот ми даваше прилики за набљудување, стекнување на искуство и самонабљудување, почнав да верувам дека мажите навистина повеќе се привлечени од жени кои се поинтересни. Сега сум многу повеќе убедена дека мажот повеќе ќе ја остави својата партнерка поради некоја која е поинтересна отколку физички попривлечна, затоа што животот ме научи на сложеноста на мажот.

Што повеќе дознавав за себе како жена, се’ повеќе сфаќав дека мажите се посебно длабоки личности. Тие трчаат по своите цели, а доволно ги набљудував за да сфатам дека им се допаѓаат жените кои ги раздвижуваат сопствените страсти. Знаете дека добро проживеан живот може да биде многу инспиративен. Ја промовира љубопитноста за оние кои навистина го живеат. Мажите се љубопитни. Тие сакаат да трагаат по жените и да ги ловат жените кои имаат своја самопочит. Еве неколку работи кои ги научив од мажите за тоа што жената ја прави интересна.

1. Жена која знае што сака и не се плаши тоа да го каже наглас. Поминаа деновите кога на жените им се советуваше да бидат повнимателни и својата памет да ја држат во тајност. Конверзацијата не е повеќе бескраен круг во кој се зборува само за тоа што мажот постигна или знае. Секој маж вреден за наше внимание ќе умира од желба да слушне што ние мислиме. Да појаснам, жените кои се способни својата мудрост да ја изнесат на лесен начин се личности од кои полесно се учи. Продорна саркастична конверзација не е она што се бара. Искрена, отворена дискусија е цврста основа на врска меѓу маж и жена. Привлечете го мажот со својот интелектуален дар, со леснотија која одговара на сложеноста на вашиот ум. Реков веќе еднаш, но треба да се повтори. Силниот ум е секси и ги привлекува мажите.

2. Жена која добро се чувствува во својата кожа. Напорно работевте за своето најдобро издание. Не се плашете да ја покажете својата моќ. Но, немојте ниту да се расфрлате. Не се обидувајте да се натпреварувате со мажите, за тоа нема потреба. Самопочита не е исто што и да бидете премногу горделиви. Самопочита не галами за себе наоколу, туку нејзината суштина излегува на тивок начин. Нека вашата единствена личност и достигнувањата зборуваат сами за себе. Некои доаѓаат до израз преку начинот на кој се однесувате, на начинот на кој го слушате мажот. Верувајте ми, мажите ги обожаваат жените кои се подготвени од душа да поделат со нив нешто и исто така да ги сослушаат. Иако мажите сакаат да се натпреваруваат во разни области од животот, не им е многу забавно да се тргаат настрана пред жената која е одлучна да докаже дека му е подеднакво важна. Покажете им ја својата вистина. Почитувајте ја нивната. И оставете го тоа така. Мажите повеќе сакаат да делат комплименти отколку да купуваат цвеќе. Тие трагаат за онаа весела насмевка кога ви зборуваат што гледаат во вас.

извор: pozituvanstav

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: