10 причини зошто мажите бегаат од жени кои навистина знаат да сакаат

Ако е жената емотивно стабилна потешко пронаоѓа партнер. Иако им дава на мажите прилика и излегува, врските не успеваат бидејќи мажите не можат да го поднесат нејзиниот интензитет. Едноставно, не се сите мажи доволно силни да ги поднесат таквите жени а еве и зошто.

1. Поставува директни прашања и не поднесува површна конверзација- не се воздржува веќе на првиот состанок да загребе под површината и му поставува на партнерот лични и филозофски прашања.

2. Искрена е- на поставени прашања одговара искрено и исто очекува од партнерот.

3. Знае што сака- не и’ се потребни излегувања за да сфатат какви мажи сакаат, кога ќе го сретне едноставно знае.

4. Посакуваат подлабока врска- сака со својот партнер да водат долги разговори за неговото минато, стравови и радости и да му го оплемени животот. Од врската очекува многу повеќе од тоа за да се сведува само на забава.

5. Не се плаши од интимност- не се крие за да не биде повредена ниту мисли дека партнерот ќе и’ ја одземе слободата и ќе ја направи ранлива.

6. Таа гледа и знае – многу бргу ќе сфати каков е мажот и што го прави ранлив. Дури и ако мажот се чувствува нелагодно, таа не крие дека сфаќа кој е тој и сака да се покаже во вистинско светло. Не сака лажно преставување.

7. Посакува доследност- недоследност и игрици ја гасат нејзината страст. Таа знае дека патот до поцврста врска води кон доследност.

8. Интензивна е- свесна е дека некогаш знае да биде малку нападна бидејќи и нејзините мисли и емоции се интензивни. Кон ништо не е индиферентна, а не се сите во состојба да го поднесат тој интензитет.

9. Сакај длабоко- ако мажот не сака длабоко, тој заминува. Не е способна за површни врски или во врската или таа личност ја смета за пријател, за неа не постои трета опцоја кога се љубовните односи во прашање. Таа знае кога некој дава на половина и успева да се тргне од таквиот однос.

10. Не чека засекогаш- ако мажот е неодлучен и се двоуми да и’ се предаде, таа нема да го чека. Премногу е страствена и силна за да ги троши своите емоции на некој кој не ја сака доволно. Ако не може да се оствари посебна врста на љубов, повеќе бира осаменост.

извор: besnopile

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: