5 грешки кои ги прават вљубените жени

Кога ќе ја сретнеме личноста за која сметаме дека можеме да бидеме во вистинска врска со неа, имаме потреба таа врска да ја заштитиме на секој можен начин. За жал, понекогаш претеруваме со тоа или просто погрешно ја проценуваме таа врска. Еве ги 5 – те најголеми грешки кои жените ги прават кога ќе се вљубат:

– Очекуваме од партнерот да ја исполни нашата потреба за љубов веднаш. Ако некое време сме без партнер, а силно посакуваме врска која ќе биде по наши стандарди нормална, без стрес, игрици и исполнета со љубов, тогаш многу лесно упаѓаме во замката на тоа, кога ќе се појави потенцијалниот партнер, ние од него да имаме превисоки очекувања на самиот почеток.

– Чувствуваме дека треба да се смениме за да бидеме сакани. Ова е една од големите грешки, што речиси спаѓа во категоријата ‘непростливи’ грешки. Често се случува личноста која ќе ја запознаеме толку да ни се допадне, што почнуваме да менуваме некои свои навики поради таа личност, за да ја задржиме. Тоа е се’ само не добро. Толку ќе се заплеткаме во таа мрежа ‘како да му се удоволи на партнерот’ што забораваме дека и ние имаме свое јас. Ако мислите дека треба да се менувате себеси и своите навики поради новиот партнер, тогаш ви е дефинитивно подобро без него.

– Чувство дека треба да останеме исти. Ова е случај спротивен од претходниот- овде се наоѓаме во складна врска и помислата на било каква промена, не тера на помисла дека тоа ќе ја уништи таа врска. Ова, како и претходниот пример, може да доведе да се сопнуваме себеси, што никако не треба да го правиме.

– Очајна желба да ја исполниме секоја потреба на партнерот. Кога сме вљубени секако посакуваме нашиот партнер да биде среќен, а ние сакаме да бидеме извор на таа среќа. Сепак, не треба да се оди во крајност, бидејќи иако можеби во прв налет на вљубеност се чини дека партнетот е единствена личност која во животот ве интересира, треба да се воздржите и малку да попуштите. Многу е важно да оставите време за себе и другите луѓе од вашата околина кои постоеја и пред да го запознаете партнерот.

– Верување дека само вие сте заслужни за успехот на вашата врска. Една од најголемите грешки која жените ги прават кога се вљубени е да почнат да веруваат дека со жртвување на себеси во таа врска можат да извлечат нешто. Во ред е некогаш да се жртвуваат за реални цели, но тоа не е секогаш вистинскиот начин, ниту ќе гарантираат посилна врска. Најважно е себеси да си бидеме важни и никогаш не заборавајте дека вистинската љубов ќе дојде сама!

извор: cicimici

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: