Зошто тој толку те посакува, а не нуди ништо конкретно?

Силна физичка привлечност. Ти се допаѓа многу, а и ти му се допаѓаш. Се’ ветува дека ќе биде перфектно, освен што тој не ветува. Кога е покрај тебе, делува многу заинтересирано, а кога ќе замине ја губи вештината за зборување. Му требаат денови да се јави, додека во потполност не престане да се јавува. Зошто е тоа така? Кое е тоа сценарио кое ги излудува жените во светот? Зошто тој те посакува толку многу, а не нуди ништо конкретно?

Физичката привлечност е еден од основните предуслови за остварување на партнерски однос, но ако привлечноста на емоционално и интелектуално поле изостанува- тогаш мажот во бестрага исчезнува. И тоа е права вистина. А кога чувствуваме магична исконска привлечност, мажот ќе биде подготвен на се’, без оглед колку ‘нема’ време, без оглед дали е во врска или не, без оглед на далечината. Тоа значи ако мажот не почувствува нешто повеќе од физичка привлечност, неговото однесување може да делува збунувачки. Малку е фин и драг, малку ладен како мраз.

Дали лаже кога зборува дека си му убава, интересна, привлечна? Најчесто не. Тоа само значи дека во тој момент така се чустува. Тоа значи дека си привлечна, му се допаѓаш, но тоа не значи нужно дека има сериозни намери. Сосем спротивно, ако мажот се јавува само периодично, тоа укажува дека нема сериозни намери. Без оглед на физичката привлечност. Да, тој те смета за привлечна, но тоа не значи ништо повеќе од тоа. Ако не се поврзавте на интелектуално ниво, него за тебе ништо не го држи. Ако е тоа поврзаност само од твоја страна, не треба да претпоставува дека мажот сака исто.

Поради погрешните сигнали кои го добиваат од ваквите мажи, многу жени губат не само месеци, туку години од животот на погрешните. Таа го чека и фантазира за него како принц на бел коњ, додека тој размислува за неа подеднакво како и за другите жени во неговиот именик. На крајот ќе биде со онаа која не прифаќа трошки.

Ваквиот однос најчесто води кон врска без обврска. Ова на мажите им одговара, додека на жената која има поголеми очекувања ни малку не и’ одговара. Сепак, многу жени трпеливо чекаат да се помрднат работите од мртва точка. И што се случува?

Дури и тогаш кога почнуваш да се откажуваш од него, ете го се јавува и раскажува убави приказни. И ти повторно сонуваш, мечтаеш и халуцинираш за неговиот потенцијал. А сето тоа само го краде твоето драгоцено време, време во кое можеш да запознаеш некој друг. За да се реши овој хаос, првиот чекор е да дефинираш што навистина сакаш, а потоа со смирен и јасен начин тоа да му се каже на мажот кој ти се јавува периодично. При тоа е многу важно да нема притисок од твоја страна. Спротивно, ако тоа му го кажете на вистински начин и заземете јасен став, а веќе другиот ден иницирате комуникација и се согласувате на ‘она што се нуди’ сето тоа ќе нема смисла.

Драги дами, не можете да бидете достоинствени жени и очајнички во исто време. Мора да заземете јасен став и до тоа да се држите. Мажот никогаш нема да се вљуби во жена која не ја почитува. Тоа е факт. А ако му дозволувате да се игра со вашето време, тоа автоматски значи дека нема да ве почитува колку што треба. Затоа драги дами, добро размислите. Ако се наоѓате во ваква ситуација, време е да дефинирате што сакате и да заземете став. Од чекање и надевање нема да биде ништо.

извор: APortal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: