Како несвесно ја губиме женственоста-женската енергија се зголемува кога жената се грижи за себе

Главната работа кај жената која ја прави силна и привлечна е нејзината енергија. Но, постојат некои работи кои и’ штетат на женската енергија и на нејзината женственост. Ако сакате да ја сочувате својата женственост и женската енергија избегнувајте да ги правите следните работи.

1. Премногу комуникација со надворешниот свет. Жената треба да комуницира само со оние кои ја сакаат и не треба поради токсичните луѓе да ја напушта својата зона на удобност. Тоа на жената и’ одзема многу енергија.

2. Недостаток на физичка активност. Жената ја зголемува својата енергија кога се грижи за своето здравје и убавина. Несредена жена е слаба и физички и енергетски.

3. Недостаток на емоции. Вие се трудите да размислувате позитивно и секогаш сте насмеани. Меѓутоа, жената треба да ги покажува негативните емоции, солзи и гнев, само не пред сите, туку пред оној на кој му верува.

4. Недостаток на креативност. Ако жената не создаде ништо, тогаш енергијата стагнира. Се’ што жената прави со рацете е креативност, било да се работи за чистење, готвење или некое хоби. Создавајќи нешто убаво и самата жена станува поубава. Ако жената во своето слободно време само лежи и не прави ништо, тогаш ќе ја изгуби својата енергија.

5. Желба за водство. Жената треба да инспирира, а не да решава проблеми. Водење не е нејзина природна суштина.

6. Одговорност на мажот. Кога жената работи машки работи, таа ја губи својата женственост. Во почеток, жената која работи машки работи на некој може да му биде необично и привлечно, но со тек на време ја губи женственоста.

7. Недостаток на женски пријатели. На жената и’ е потребна комуникација со други жени, бидејќи тоа е моќен извор на енергија.

8. Недостаток на време за себе и свои лични работи.

9. Ривалство. Женската енергија се уништува кога постои ривалство или натпревар со друга жена. Жената не треба да има желба да се бори за нешто, да докаже дека е подобра, поубава или попаметна.

10. Недостаток на хоби. Жената добива огромна количина на енергија и позитивни емоции од она што сака да прави. Таа мора да има хоби, а тоа хоби треба да го поддржува нејзиниот маж. Жената треба да се оствари во она што сака.

извор: pozitivanstav

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: