Не се откажувајте од љубовта- откажете се од оние кои не знаат како да ве сакаат

Наместо да се откажете од љубовта, научете да се сакате себеси, за да не молите за љубов и наклоност. Љубовта е прекрасно чувство коe сите заслужуваат да го вкусат. Многумина биле повредени и страдале поради љубовта, но тоа не е причина да се откажете од љубовта. Подобро е да се откажете од сите оние кои не знаат да сакаат како што вие заслужувате. Исто така, подобро е да не се прават истите грешки или да си дозволите себеси да се водите со идеалите или очекувањата кои на крајот пропаѓаат.

Љубовта може да биде неверојатно болна кога ќе ја исполниме со зависност, љубомора, поседување или несигурност. Поради тоа важно е да не се откажувате од љубовта, туку од она што мислевте дека е љубов. Понекогаш ни се чини дека луѓето кои најмалку ни одговараат се оние со кои нашето срце е најсилно поврзано. Почнуваме да ја идеализираме личноста и подоцна сфаќаме дека се’ се менува, дека ништо не е исто или тоа не сме го виделе порано..

Понекогаш кога кон некој имаме многу силни чувства, можеме да станеме слепи. Сите ни зборуваат дека таа личност не е за нас, но ние не слушаме. Потајно веруваме дека сме го нашле принцот на бел коњ додека на крајот не сфатиме колку сме погрешиле. Мора да научиме да ги оставаме настрана очекувањата и соништата кои навистина се само во филмовите.

Во вистинскиот живот нема принцови и принцези. Општеството ни всадува потреба за пронаоѓање на партнер, бидејќи е тоа синоним за успех во животот. Многу луѓе секојдневно се борат со емоционална зависност. Тоа е проблем со кој лесно се среќаваме, но тешко можеме да се извлечеме. Се препуштаме на другата личност бидејќи мислиме дека без неа сме никој и ништо, а не се сеќаваме кои бевме претходно. Кога ќе ве исцрпи, умори, натера да страдате или се гушуте, тоа не е љубов.

Понекогаш не влегувате во врски бидејќи сакате друга личност, туку затоа што чувствувате олеснување кога ќе најдете некој кој ве интересира, кој се грижи за вас и сака да биде покрај вас. Бидете внимателни со тоа. Порано или подоцна ќе страдате. Љубовта не значи борба или страдање. Не се откажувајте од вистинската љубов. Откажете се од љубовта поради која страдате и плачете секоја ноќ- по некој кој всушност не ве заслужува. Не се откажувајте од љубовта. Откажете се од луѓето со кои не можете да изградите здрав однос. Постојат луѓе кои едноставно не знаат да сакаат. Откажете се од нив, не од љубовта.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: