Од женски агол: Ако не си му приоритет, пакувај се и заминувај- не губи време

Вистинската љубов не е шега или игра, вистинската љубов е живот. Тоа е начин на кој се однесуваш кон некој, тоа се работи кои ги правиш за луѓе кои ти се важни. Тоа е она колку си подготвен да се жртвуваш за луѓето кои ги сакаш. Вистинската љубов е врска помеѓу две несовршени личности кои совршено се совпаѓаат. Вистинската љубов е кога секој ден бираш една личност која ќе биде до тебе до крајот на животот.

Кога си за неа во секој момент тука. Тогаш кога и’ треба раме за плачење, кога е потребно некој да ги брише солзите и кога и’ треба некој да ја држи за рака, тогаш кога животот ќе стане тежок. Ако твојот партнер не ги прави овие работи тогаш не заслужува да те има покрај себе. Не заслужува да биде дел од твојот живот и не заслужува твоја наклоност.

Ако не си негов прв избор, спакувај се и заминувај. Само пушти го и продолжи понатаму. Не дозволувај да бидеш една од неговите можности, биди приоритет, а не опција. Не дозволувај му тебе и твојата љубов да ги зема здраво за готово. Ако не си му приоритет, не му дозволувај да те завлекува и лаже. Не дозволувај да ти каже дека те сака, а утре да те остави сосем сама. Не дозволувај да ужува со тебе само додека нему му одговара и кога ќе му досади да може да замине, а тебе да те остави со скршено срце и во солзи.

Ако не си му вистински избор не му дозволувај да се поигрува со тебе и твоите чувства. Не дозволувај во тебе да разбуди љубов, ако нема намера да те сака и да биде со тебе до крајот на животот. Ако не си му вистински избор заминувај. Не дозволувај да го нарушува твојот мир и да те повреди. Заминувај пред да биде предоцна и не се враќај никогаш.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: