Постојат многу врсти на осаменост. Понекогаш таа ни овозможува подобро да се запознаеме себеси, да ја слушнеме својата интуиција и ни покажува како да станеме среќни со себе и да бидеме луѓе кои можат да се грижат за сопствената вредност. Ако на овој свет постои врста на осаменост која е многу деструктивна и опасна за поединец, тогаш е односот во кој чувствуваме дека своето време, живот и неговите најважни моменти ги поминуваме со луѓе кои ни се важни, но одвнатре се потполно неважни.
Секако, ние сами посакувавме да бидеме со нив и да им го посветиме своето време, да ги дадеме своите чувства и да ги поделиме со нив емоциите. Меѓутоа, во такви врски, порано или подоцна, доаѓа до осознавање дека тие луѓе носат само болка и страдање. Таквите личности можат да бидат дел од општествениот круг, па дури и членови на нашето потесно семејство. Кои особини имаат тие луѓе?
1. Емоционална себичност. Овде нема да расправаме дали постои душа. Но, ова е една од првите точки за кои многу се расправа во врска со глупи и празни луѓе. Ти не можат да разберат и не знаат да сочувствуваат со други луѓе, ниту можат да прифатат единственост на туѓото гледиште. Се грижат само за задоволување на сопствените потреби. Тие ја следат оваа цел не размислувајќи за тоа како нивните постапки можат да влијаат на било кој друг. Празните луѓе не знаат како да слушаат и да се отвораат кон другите луѓе. А ако тоа го прават, тоа е исклучиво врз основа на личните мотиви.
2. Желбата за сузбивање и врзување за некој кој е емотивен. Често такви поединци гласно изјавуваат како се несреќни. Тие манипулираат со другите за да ја пополнат празнината. Ги кријат своите слабости, вешто управувајќи со туѓите чувства. Тие не познаваат великодушност, хуманост и животна радост.
3. Живот на работ. Живеат по принципот се’ или ништо. Тоа може да биде одраз на претерана љубов кон некој или потполна рамнодушност која се јавува токму во моментот кога и нивните потреби се задоволени. Празните луѓе не се способни за зрели врски.
Како можете да им одолеете на празните луѓе? Прво што ви паѓа на ум е потреба за дистанца помеѓу вас и таквата личност.
– Бидете верни на себе и после некое време поминато со такви луѓе ќе одлучите дали ќе сакате да продолжите да го правите тоа.
– Нашиот живот, нашата внатрешна рамнотежа и интегритет главни се показатели кои треба да ги пратиме.
– Не ги повторувајте нивните грешки и не се однесувајте како нив. Секогаш бидете искрени кон себе и отфрлајте било какви зборови или постапки кои ќе противречат на она кои сте и кои мислите дека сте.
– Ако денес сфатите дека другата личност е празна и емоционално недостапна, кажете и’ за своите чувства и она што сте подготвени да прифатите, а што не.
– Вие не сте кукла, туку личност со вистински чувства и емоционални потреби, кои другите луѓе треба да ги прифатат и размената на емоции треба да е взаемна.
– Нема ништо полошо отколку да се биде со некој кој ви дава некоја врста на нејасна љубов, нудејќи ви живот во светот на празнината.
Leave a Reply