Гледај ме во очи…или можеби подобро не?

Нешто што е нормално општествено однесување кај нас на Западот, во другите култури тоа баш и не е. Во западните култури се смета дека очите ја покажуваат централната точка на фокусот на личноста. На исток, контактот со очите е ретко и се смета за помалку прикладно.

Култура на Блискиот Исток

Многу култури на земјите на Блискиот исток тешко можат да се групираат заедно, но тие имаат неколку заеднички трендови, а еден од нив е нивното користење на контактот со очите. Контактот со очи е многу редок, дури се смета за непристојно однесување. Постојат строги правила за мажите и жените, на пример- ако жената остварува контакт со очите со мажот, тоа може погрешно да се протумачи како романтичен интерес.

Азиска култура

Азискитите култури им даваат голема важност на почитувањето, но не и на погледот. Хијерархијата
е многу видлива во нивното општество, отколку во западната култура, а нивното општествено однесување во тоа се одразува. Во ведите се тврди дека кармата се пренесува преку погледот и директното гледање во очи се препорачува само ако се гледаат духовно напредни личности, но и тогаш резервирано, а се избегнува гледање во очи на материјалстички и деградирани личности.

Во африканските и латиноамериканските култури – единствени по многу работи, задржуваат силно хијерархијско општество. Во многу случаи интензивен контакт со очите се доживува како агресивен, конфронтациски и многу навредлив.

А на Западот ако се избегнува погледот, се смета дека човекот е чуден, повлечен, дури и потенцијален ‘кандидат’ за дијагноза со аутистичен спектар, а за возрасните дека се непристојни, незаинтересирани, чудни, таинствени, потенцијални лажговци, несигурни личности. Контактот со очите многу се почитува и се очекува во западната култура, бидејќи е неопходна основа за општествена интеракција која покажува интерес на личноста да се вклучи во разговор.

Во западните култури се смета дека очите покажуваат централна точка на фокусот на личноста. Значи, ако некој не воспоставува никаков контакт со очите во текот на разговорот, тоа може да се смета дури и за навредливо. Многу луѓе ќе заклучат дека личноста не е заинтересирана и нивниот залутан поглед ќе го сфатат како знак на отсутност или расеаност. Интензивен контакт со очите често е метода која се користи за приказ на искреност. Долг, продорен контакт со очите може да значи ‘верувај ми, ја зборувам вистината’.

извор: bizlife

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: