Дали мажот навистина се вљубува кога жената престанува да му обрнува внимание?

Тоа често се случува- партнерите после почетокот на врската, не’ земаат здраво за готово. Почнуваат да не’ оставаат сами, фокусирајќи се на својот живот, без никаква најава. Понекогаш во текот на цела вечер поминати дома можеби нема да си кажете ниту збор. Да, тоа е многу навредливо и болно, но знајте- работите можете да ги свртите во своја корист, само ако вие тоа го сакате.

Во секој момент можете да го промените своето однесување за да му станете привлечни на својот маж- дури и повеќе отколку на почетокот на врската. Ако го одберете вистинскиот момент за да престанете да бидете со него на некое време, ова може да го запали изгаснатиот пламен на вашата љубов.

Принципот ‘Оскудица во ресурси’ еднакво добро делува во љубовта и економијата. Многу е едноставно- ако е нешто потешко да се добие, тоа бара повеќе време и труд, па затоа тоа ‘нешто’ почнува да се почитува. На тој принцип се заснива големата разлика во цената на скапоцените камења и обичниот песок и каменчињата на плажите- некои се добиваат лесно, но речиси немаат вредност.

Кога во долгите врски, вниманието и блискоста стануваат ‘редок ресурс’ односно партнерот престанува да ги прима во неограничени количини, тоа често предизвикува да ве сакаат, почитуваат и ценат многу повеќе од порано. Вашиот партнер почнува да размислува за тоа каде сте сега, дали можете да бидете среќни без него или дека ќе ве изгуби ако ги пушти работите. Меѓутоа, вреди да се земе во предвид и фактот дека ова делува само ако мажот и понатаму ве сака. Ако повеќе нема љубов, штом го напуштат и тој ќе почне да бара друга личност која ќе го забавува во ваше отсуство.

Зошто е потребно да му недостасувате? Познато е дека многу мажи се познати ловци. Уживаат да трчаат по пленот, соочувајќи се со многу предизвици за да го добијат. А понекогаш, ако потешкотиите се поголеми, тоа повеќе го ценат она што го добиваат. Не е изненадување- ако од самиот почеток ја добијат жената која е подготвена да направи се’ за нив, може да му стане досадно.

Ако се најдете во таква ситуација, прво треба да направите да сфати дека треба да тргне во потрага по вас. Сака да знае дека сте подобра од сите други. Тој, метафорички зборувајќи, сака да им покаже на сите други мажи дека успеал да ве ‘фати’ и да ве смести во својата пештера пред било кој да успее…И затоа од време на време од неа треба да побегнете за да му дадете прилика тоа да го повтори.

Верувајте, барајќи ве вас и повторно освојувајќи ве, нема да добие помало задоволство од првиот пат. Што повеќе му се чини на мажот дека сте помалку достапни, тоа повеќе ќе ве доживува како дијамант кој мора да го добие по секоја цена. Тргајќи се од него и покажувајќи му дека имате свој живот, во него будите емоции кои од долго ги баравте. Почнува да сфаќа колку сте му важни во животот и копнее по вашето присуство во својата близина многу повеќе од порано.

извор: psychologytoday.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: