Луѓето кои не ме заслужуваат

Како да ги бирам луѓето во моето опкружување? Ако некој не ми се допаѓа или не ми одговара, тогаш престанувам да комуницирам. Звучи премногу грубо? Можеби. Но, немам девет животи за да го трошам овој туку- така. Не сакам да губам време со некој комплициран. Сакам да живеам живот само со најдобрите луѓе. Ми требаат оние на кои јас им требам. Кои луѓе да се исклучат?

Луѓето кои не ме поддржуваат. Можете да го направите својот дел, да се обидете да создадете нешто. Ако луѓето не ве подржуваат, тргнете ги. Посебно ако нешто направите, но тие се обидуваат да ја намалат вредноста. Треба да растете благодарејќи на својата околина и го заслужувате тоа. Инаку ќе ве повлечат на дното, а тоа не ви треба.

Луѓе кои постојано навредуваат. Можете да ја зборувате вистината, а личноста може да се навреди. Без причина. Не сакам да губам време да играм игри и да нагаѓам и непотребно да се извинувам. Ако е кај личноста се’ во ред со самопочитта, тогаш нема да се навреди за секоја ситница и ќе знае како тоа сето да го сфати на соодветен начин. Не сакам да ги гледам луѓето со ниска самопочит во своето опкружување. Сакам здрави и самоуверени луѓе.

Луѓе кои застанале во развојот. Можете да читате книги, да работите на себе. Сакате да евоулоирате. Да се занимавате со спорт или да работите нешто. Ако вашето опкружување само се забавува без цел, тогаш назад сте. Тие имаат само работа и некој вид на забава со кафе, алкохол и трачарење. И тоа е се’. Нема развој, нема работа на себе, нема напредок. Обично кај таквите луѓе нивото на интелигенција се застанува на ниво на тинејџер. Ако постојано се развивате, ќе делувате позрело и помудро од нив.

Луѓе кои лажат. Пријателството треба да се темели на доверба. Како да се комуницира со личноста ако постојано лаже? Ова е нереално. Освен тоа, во некои ситуации тоа може да биде на ваша штета. Не сакам да нагаѓам дали личноста лаже или не. Мора да бидете сигурни во своето опкружување за да оди животот добро, без непотребни и неочекувани изненадувања од вашата околина.

Луѓето кои не ве почитуваат вас и вашето време. Тоа се случува. Но, што ако непочитувањето на вашето време се случува пречесто? Во вашата близина треба да бидат луѓето кои ве ценат, како и вашата работа и вашето време. И да се отвори простор за пријатна комуникација без која нема добар однос.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: