Многу ‘не можам’ всушност можеше

Одеше каде што те водеше страста на другите. Одеше таму каде те ‘возеше’ личниот страв. Стигна да ги ставиш своите плеќи на никогаш задоволниот татко. Ти се пристори дека кога можеш повеќе, ќе бидеш повеќе и сакана.

Им помогна од тебе да очекуваат се’ – да знаеш, да можеш, да носиш, да истрпиш.

Најлесно е да се етикетираат веќе обвинетите.

Научи да бидеш виновна.

Те воспитаа дека успехот е твоја дочжност и поразот треба да се избегнува, а не од него да се учи.

Стана најдобра по дифолт. Не ги сакаш оние кои те ‘пеглаат’ и како те ‘пеглаат’, но и понатаму живееш за нивото одобрување. Ретко сретнуваш радост во малите работи, бидејќи малите работи не се доволни: за мајка ти, Господ, општеството, заедницата.

Се очеличи до граници на преминување во друг материјал. Се фалиш со тоа дека можеш се’ за секој и постојано. Го бараш тоа и од нив, ама тие не ти даваат. Сите тие за кои се подразбираш.

Ако те има и во една буква овде напишано, време е понекогаш нешто и да не можеш.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: