Нулти контакт: кога одлучуваме трајно да завршиме со некој однос?

Постојат случаи во нашиот професионален и личен живот, кога не ни останува ништо друго туку да направиме дистанца од некои луѓе и да влеземе во нулти контакт. Го правиме тоа само за да ја вратиме контролата врз својот живот, а пред се’ да ги заштитиме своите емоции и достоинство и кон нас да се однесуваат како што заслужуваме.

Праксата покажува дека поголем број на луѓе не е подготвена трајно да се откажат од односите а да не остават нешто зад себе. Нашите мозочни станици се поврзани така да градиме односи, да се поврзуваме социјално и емоционално. Па кога овој аларм одеднаш ќе се исклучи и ќе не’ предупреди дека е нешто ‘лошо’, дека врзаноста ни нанесува повеќе страдање отколку радост, повеќе од вообичаено е да му се спротиставиме.

Нултиот контакт е синоним за надеж. Доволно е силен за да влеземе во фаза која не’ ослободува од било какво случување и така ја раздвижува промената со сигурност и стабилност. Луѓето повеќе се одлучуваат да ‘затемнат’ некој однос отколку да го прекинат. А тоа го прават така што го прекриваат со најсофистицирани сенки, слоеви и коректори, самозалажување, па дури и преку сложени одбрани како угнетување и изолација. На некој начин забораваме дека краевите се подеднакво важни како и почетоците.

Стравот, сакале ние или не, секогаш ќе биде присутен и тогаш кога треба да се решите од некој или нешто, така и кога нашиот живот ќе ве доведе во нова фаза. Затоа, постојат моменти кога е најдобро достоинствено да влеземе во нов циклус прекинувајќи го контактот со оние кои во некој момент ни донеле горчлив вкус на несреќа и незадоволство.

За да се одлучите на ваков чекор, размислете за следново:

– Прво, размислете за можните последици од прекинувањето на врската, работата, односот со некој: стрес, страдање, нарушено здравје се некои примери.

– Второ, мора да бидеме во можност да направиме нешто многу едноставно а со тоа да разјасниме што сакаме за себе. Треба добро да се познаваме себеси за да знаеме што е добро за нас и поради што ни е непријатно.

– Трето, желбата за промена мора да се разбуди пред сенката на стравот. Потребно е да се насочите на импулсот за подобрување на оваа конзервативна димензија каде истото страдање може да стане хронично. Ако одлучиме да си заминеме, мора тоа да го направиме правилно, со цел за иден раст и развој, а не со чувство на вина.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: