Партнерот ве напушта а потоа ви се враќа. Зошто?

Постојат парови кои раскинуваат десет пати и ќе се состават уште десет пати. Тие се во ‘напред- назад’ врска која има ‘вкус’ на неизвесност и долготрајно страдање и во која може да се види идната стварност, а тоа е тој однос осуден на неуспех. Многу луѓе ќе се најдат во ваква ситуација, во врски кои се како мастика- денес те сакам, а утре не. Тоа создава психолошка исцрпеност со која не знаат сите да се носат.

Прво што ќе ви падне на памет кога ќе се соочите со ваква врска е најдобро да се прекине. Она што покажува ‘пукнатинки’ порано или подоцна ќе си пукне само од себе. Меѓутоа, постои проблем а тоа е афективна врзаност, она емоционално лепило кое ве спречува да изградите среќни зрели врски. Завршувате и почнувате од почеток. Ја прекинувате врската и после две, три недели или месец, бившиот партнер праќа порака или чука на врата и бара простување, бара нова прилика

Дел од вас знае дека не смее да му прости, но љубовта е слепа, наклоноста премногу наивна, а незрелоста е премоќна. Тоа ве тера се’ повторно да задвижите, иако треба се’ да заврши. Но, ако личноста е напуштена од партнерот неколку пати, а потоа се враќа, тогаш проблемот како таков не е само во оние кои ќе се разделат и потоа ќе се вратат.

Оној кој постојано се препушта на оваа донамика, покажува проблем кој треба подлабоко да се анализира. А клучот е како што рековме во афективната зависност. Постојат парови кои врската ја завршуваат по некоја расправија. Лути се еден на друг, гордоста е повредена и не треба долго време да заклучат дека раскинуваат. Но, по неколку недели, бесот бледее и на мобилниот телефон се појавува ‘Ми требаш’.

Зрелоста во врските не доаѓа со годините, тоа не е програма која автоматски ќе се инсталира по 30- тата. Лошото управување со емоциите, зависноста, ниската самодоверба и мешање на поимот љубов со потреба е знак на афективна зависност.

Постои и т.н. нераскинлива врска: ниту со тебе, ниту без тебе. Тоа се личности кои не се во состојба да останат заедно, но истовремено не се чувствуваат доволно силно трајно да ја прекинат врската. Оваа динамика создава маѓепсан круг во кој омразата и љубовта, фрустрацијата и страдањето, приврзаноста и отфрлањето се храна за двајцата. Кога овие личности се заедно, свесни се дека соживотот е неподнослив, меѓутоа кога се раздвоени, се чувствуваат празни едни без други.

Стравот од осаменост не’ прави просјаци на наклоност и робови на лошата љубов. Затоа, ако некој коментира како партнерот ги напуштил неколку пати, па се вратил, треба да се праша што доведува до разделување бидејќи соживотот е невозможен. Најчест одговор е: ‘Не можам сам! Што ќе биде со мене ако нема никој покрај мене?

Постои и друга опција ако партнерот посака да се врати. Нешто што вреди. Очигледно постојат врски кои вреди да се поправат, ако во меѓувреме сте станале позрели и поодговорни. Мора да се потенцира уште нешто важно. Проблемот не е само кој си заминува, а потоа се враќа. Туку и оној кој попушта и дозволува партнерот да се врати, треба да размисли зошто тоа го прави.

извор: uniqorner

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: