Храброст е да не глумите дека некој сакате

Кога ќе се вљубиме, сигурни сме дека е тоа засекогаш. Се чини дека ‘престанав да сакам’ е синоним за ‘предавство’ па ова сценарио не е дозволено. Меѓутоа животот се прилагодува: за жал, луѓето понекогаш едноставно ќе престанат да сакаат без сериозна причина. Па, зошто е тоа така?

Тоа им се случува на сите и важно е да се сфати дека тоа е сосем нормална работа. Она што не е нормално е да се лажете себеси и да се убедувате во нешто што не го чувствувате. Колку и да се трудите, некои врски ќе престанат да функционираат. Се случува- не сте први, ниту последни. Не можете да натерате некој да остане со вас кога повеќе не ве сака, не можете ниту себе колку и да се обидувате. Порано или подоцна, вие и вашиот партнер ќе се разделите, само е прашање на време.

Целиот труд за спасување на љубовта која си замина може да биде за џабе. Факт е дека луѓето се менуваат и растат, а ние често не се совпаѓаме со тие промени. Тоа не значи дека некој е лош, а некој совршен. Не, никако. Тоа само значи дека секој е на својата фрекфенција.

Можете да престанете да сакате дури и ако никогаш не се расправате . Дури и ако се чини дека сте силно отворени и не криете ништо еден од друг. Всушност, се’ зависи од конкретната ситуација. Можете се’ да направите како треба, но тоа воопшто не е гаранција дека вашиот партнер нема да престане да ве сака.

Сурово и неправедно, но се случува. Кога некој вистински ќе се вљуби, мозокот ќе му се промени. И многу пред да сфати. Разликата е што не е можно да престанете да сакате во една секунда, ниту во еден ден. Тоа се случува постепено, а за почеток не е забележително.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: