Зошто жените ги напуштаат мажите кои ги сакаат?

Се чувствуваат страшно поради тоа. Срцето им е скршено. Но, тие тоа го прават. Ќе соберат храброст и ресурси и заминуваат. Жените ги оставаат мажите со кои имаат деца, дом и живот. Жените заминуваат од многу причини, но постои еден најважен: жените со заминуваат бидејќи мажот не е присутен.

Тој работи, игра фудбал, игрици, гледа телевизија…пописот е долг. Тоа не се лоши луѓе. Напротив. Добри се татковци. Тие го поддржуваат своето семејство. Драги се, симпатични. Но, жената ја земаат здраво за готово. Не се присутни.

Ти зборувам она што гледам. Можеш да се лутиш, да бидеш повреден или огорчен колку што сакаш. Твојата жена не е твоја сопственост. Не ти ја должи душата. Мораш да ја заслужиш. Од ден на ден, момент за момент. Освои ја пред се’ со својата присутност, со својата чувствителност. Таа мора тоа да го почувствува. Сака да разговара со тебе за она што е важно и да чувствува дека ја слушаш. Таа не сака да види пристојно климање со глава. Дефинитивно не сака да глумиш адвокат. Сака да ја почувствуваш. Не сака отсутност и брз секс. Сака да ја почувствува твојата страст. Дали можеш да ја покажеш? Не само твојата страст по неа или за секс, туку твојата страст за живот. Дали го имаш тоа?

Тоа е најатрактивно што поседуваш. Ако ја изгуби, која е причината? Каде отиде? Дознај. Пронајди ја. Ако никогаш не ја откри, живееш во позајмено време. Ако мислиш дека си присутен кога си со својата жена, пробај да ја слушаш. Дали ти лута умот? Обрни внимание. Кога ќе ја погледнеш, колку длабоко ја гледаш? Повторно гледај, погледни подлабоко. Фати го нејзиниот поглед и задржи го подолго од обично, подолго од вообичаено. Ако те праша што правиш, кажи и’: Те гледам. Сакам да те видам. Ме интетесира која си. После сите овие години, сакам да знам која си, секој ден’.

Тоа кажи го само ако го мислиш, ако тоа е вистина. Допирај со полно внимание. Пред да ставиш рака на неа, забележи ја сензацијата во раката. Забележи што се случува во моментот кога ќе го направите контактот. Што се случува во твоето тело? Што чувствуваш. Забележи ги најдлабоките чувства.

Но, ти си зафатен. Немаш време за ова. А зборувам за 5 минути дневно во кои ќе бидеш потполно присутен со жената со која го делиш животот.

Напомена: Родната динамика наведена погоре е реверзибилна. Може да важи во двата смера.

извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: